• Latest
Креирано со помош на ВИ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026 11:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Креирано со помош на ВИ

Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Падот на Виктор Орбан предизвика бројни реакции кај македонската јавност. На ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Како ќе влијае падот на Орбан во нашата земја? што ЦИВИЛ го постави на социјалните мрежи коментарите откриваат  мешавина од скептицизам, политичка критика и ограничен оптимизам.

Дел од граѓаните сметаат дека клучното прашање не е Македонија, туку ефектот врз самата Унгарија и нејзината енергетска зависност:

„Прашање е како ќе влијае на Унгарците. Тие се корисници со децении на руски енергенси… сè зависи како ќе се договори Унгарија со Русија. Во моментов има најевтини горива и гас во Европа, па било какви проблеми ќе ја активираат инфлацијата.“

Во дел од реакциите, падот на Орбан се гледа како можен сигнал за пошироки политички промени и отворање на чувствителни прашања:

„Ќе се одмотува клопчето за сите проценти од Унгарија, а ќе има и европско јавно обвинителство… треба само да прашаме кој е на власт и ќе ни биде јасно.“

Истовремено, има и коментари исполнети со иронија и недоверба кон ветувањата за реформи:

„Ќе се ослободи судството, ќе се покачат платите, ќе се проверат купените дипломи… упс, се занесов многу.“

Други пак, укажуваат дека вниманието во јавноста често се пренасочува кон личности наместо кон реални проблеми:

„Се заборавија цените и нафтата, сега 15 дена Орбан и ‘Грујо’. Кај нас е поважно кој што рекол отколку кој што сработил.“

Доминира ставот дека директно влијание врз Македонија нема да има:
„Нема да има никакво влијание… кредитот ќе си го плаќаме и така.“
„Позитивно за Македонија – негативно за власта!“

Има и поостри реакции кои целосно ја негираат релевантноста на темата:

„НИКАКО!!! Освен што опозицијата се израдува за падот на Орбан!“

Овие реакции покажуваат дека јавноста во земјава генерално не очекува суштински економски или политички ефект од промените во Унгарија, туку повеќе ги перципира како симболичен настан со ограничен домашен импакт – освен во делот на политичката реторика и меѓупартиските пресметки.

Б. Ј. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ