• Latest

Реакции по нападот врз Палевски: Осуда, обвинувања и инсинуации

September 18, 2020
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Реакции по нападот врз Палевски: Осуда, обвинувања и инсинуации

September 18, 2020 10:19
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По физичкиот напад врз бизнисменот Љупчо Палевски, со реакции излегоа политички партии, активисти на неговото здружение „Трета“ и граѓанското општество.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат  дека сторителите на  нападот врз Палевски се познати, а за инспираторите  ја обвинува власта.

-Мафијата на Заев и неговите слуги се покровители на обидот за убиство врз критичарот на власта Љупчо Палевски. Сторителите на таквиот грозоморен чин се познати, а инспираторите на тоа треба да се бараат во врвот на власта. Крвави се рацете на мафијашот Заев за чиј мандат се претепуваат политички неистомисленици, се линчуваат критички новинари, се води политичка хајка врз уредници и притисок врз медиуми, инсинуираат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ го осуди нападот врз Љупчо Палевски. Од партијата бараат институциите брзо да го расчистат случајот и сторителите да бидат казнети.

„Во модерно, демократско општество, недозволиво е какво било насилство врз кој било поединец. Очекуваме надлежните институции брзо да го расветлат случајот, да ги пронајдат сторителите и тие да бидат соодветно санкционирани. Времето на неказнивост на насилството одамна заврши, сега е време на одговорност и секој што сторил насилство ќе се соочи со законите и правдата“, велат од СДСМ.

Реагираше  и лидерот на Демократската партија на Србите Иван Стоиљковиќ, кој е пратеник од редовите на опозициската коалиција. Тој обвини дека нападот врз Љупчо Палевски е обид за убиство.

„Ја познавам неговата здравствена состојба и слободно можам да кажам дека нападот врз Палчо не е обично насилство, туку брутален обид за убиство!“, напиша Стоиљковиќ на фејсбук.

ЦИВИЛ го осуди насилничкиот чин, посочувајќи дека ставовите се бранат со факти, не со насилство.

„ЦИВИЛ најостро ги осудува говорот на омразата, делата од омраза и насилството кои произлегуваат од неспособноста или неподготвеноста да се дебатира со аргументи во јавноста. Без оглед на „страната“ од која доаѓаат деструктивните појави во општеството и на политичката сцена, без оглед на тоа дали се работи за политички, етнички или верски мотивирани инциденти, тие не може и не смее да се оправдаат и премолчат.  И во случајот со Љупчо Палевски кој, според информациите во јавноста, е нападнат и претепан пред својот дом, ЦИВИЛ ја изразува својата загриженост и осуда, и бара од институциите да ги откријат и санкционираат сторителите на овој насилнички акт.

Насилството и говорот на омразата никогаш, под никакви услови, не се соодветен одговор за ништо. Ставовите се бранат со факти, не со насилство!“ – соопшти ЦИВИЛ вечерта, веднаш по нападот.

Уредникот на порталот Инфомакс, Александар Митовски на својот Фејсбук профил објави фотографија со Палевски од болничката соба во којашто е сместен по нападот. Митовски, кој е близок со ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека напаѓачите се познати и дека вчера цел ден седеле пред домот на Палевски.  Според Митовски, напаѓачите се снимени со сите камери, со и без кациги. На крајот инсинуира дека е познат нарачателот на нападот.

-Сега останува ред уште полицијата која се пофали со системот „Сејф Сити” да ги потврди овие информации. А, за нарачателот на нападот…, напиша тој.

„Денеска околу 17.15 часот пријавено е дека на ул.Златко Шнајдер од страна на две лица кои биле со мотоцикл со употреба на метален предмет бил нападнат Љ. П. Се работи на расчистување на случајот“ – се вели во рутинската информација од МВР.

Додека трае истрагата за овој немил инцидент, може да се очекува интензивирање на објавувањето лажни вести и говор на омраза поврзани со контроверзниот бизнисмен на дел од медиумите и социјалните мрежи.

Д. Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ