• Latest
Фото: Марколепсија

РЕАКЦИИ: Поларизирани ставови на граѓаните за владеењето на Александар Вучиќ – диктатура или избор на српскиот народ

March 31, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

РЕАКЦИИ: Поларизирани ставови на граѓаните за владеењето на Александар Вучиќ – диктатура или избор на српскиот народ

March 31, 2026 11:48
in РЕГИОН, ТОП 5, ФОРУМ
Фото: Марколепсија

Фото: Марколепсија

Share on FacebookShare on Twitter

Лавина реакции на граѓанките и граѓаните предизвика ПРАШАЊЕто НА ДЕНОТ:  „Што мислите за владеењето на Александар Вучиќ во Србија?“ што ЦИВИЛ го постави на социјалните мрежи, откривајќи длабоко поларизирана јавност и силни, често спротивставени перцепции за актуелната политичка состојба во Србија.

Дел од коментаторите користат исклучително остар речник, опишувајќи го Вучиќ како „типичен балкански автократ“, „диктатор“ и лидер кој „владее со сила, заплашување и контрола“. Во некои реакции се оди и подалеку, со споредби со авторитарни лидери од минатото и тврдења за системско кршење на човековите права.

„Диктатор… владее со сила… убива, тепа, малтретира… човекови права – нула.“

Во сличен тон, други граѓани укажуваат на наводна поврзаност со меѓународни политички актери, оценувајќи дека станува збор за лидер кој е „дел од пошироки геополитички игри“, а не само резултат на домашна политичка динамика.

Од друга страна, постои и видлива група на коментатори кои го релативизираат ваквиот пристап, потенцирајќи дека Вучиќ добива континуирана поддршка на избори и дека неговиот легитимитет произлегува од волјата на гласачите.

„Кога некого ќе го изберат демократски, што ги боли другите како владее и зошто е избран? Народот си го гласа.“

Некои реакции одат и во насока на критика на опозицијата во Србија, која според нив не нуди реална алтернатива:

„Повеќе криви треба да им се опозициските лидери, а не Вучиќ… Тој кон своите гласачи си е доследен.“

Во дел од коментарите се отвора и прашањето за состојбата со демократијата на локално ниво, со повикување на наводни нерегуларности и насилство за време на изборните процеси:

„Видовме како ги тепа гласачите во Бор за време на локалните избори.“

Паралелно, дискусијата често се прелева и кон домашниот политички контекст во Северна Македонија, при што во некои реакции се  прави споредба со локалните политички лидери, посочувајќи на сличности во стилот на владеење и политичката реторика.

И покрај различните ставови, заедничко за најголем дел од реакциите е силниот емоционален набој и чувството на недоверба – било кон власта, опозицијата или целиот политички систем како во Србија, така и во Северна Македонија

ЦИВИЛ им благодари на сите што коментираат на редовното прашање на денот, но повикува и на вклучување со предлози за теми, прашања и активности. Организацијата и редакцијата на медиумската платформа, како и секогаш, ќе вложи напори да им излезе во пресрет на сите предлози.

Подготви: Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ