ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите за економските политики на владата на Мицкоски?
Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека граѓаните се разочарани од економските политики на оваа влада. Тие сметаат дека економијата се сведува на полнење на џебовите на трговците, бизнисмените и политичарите, а за работникот малку се и 500 евра минимална плата за да го помине месецот, со оглед на зголемените цени:
Абе катастрофа, тој незнае кај тера, најнеспособен политичар.
Катастрофа, никакви економски политики. Ароганција,збеснатост и забеганост.
Кои јадни економски политики? За него и тајфата профитери и газди кои ја опљачкаа оваа држава, 35 години и уште повеќе и се им е малку па и на некојси пратеник со 3000-4000 евра примања месечно, за работникот било многу 500 евра плата.Инает спрема работниците, пуштени маркетите без ограничувања за зголемување на цени за да можат да направат поголем профит зошто доаѓаат локални избори, мора да се платат кампањи и луксузирање со храна во Влада. А да и “глумење” геостратегија од некој тротоар.Ако тој, татиниот асистент, знае што е економија…. Тешко и горко на овој народ!Води некакви економски политики оваа влада? Не сум запознаен.Лоши се! Не му носат ништо добро на народот.Мизерни.Ако ги видел некој нека јави. Она што видовме досега е – да се договорат трговците и да се договорат ССМ и Работодавците и да не заборавам порамнувањето на пензиите.Перење пари.Политика има, ама економијата ја уништуваат.Економска политика нема. Има лажење, крадење и млатење празна слама. Многу набрзо ќе ги има резултатите.
Б. Ј.