ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине „недела неработен ден“?
На ова прашање коментираа стотина граѓани, поголемиот дел од граѓаните сметаат дека треба не само недела туку и сабота да биде неработен ден.
Ви пренесуваме само дел од коментарите:
-
„Може да се укине под услов во другите денови да се работи“!
-
„За време на СФРЈ продавниците работеа од 7 до 10 часот! Продавниците нека работат од 8 до 12 часот, само поради неопходни работи“!
-
„Нема што да мислиме. Недела е ден за одмор кој е од Бога даден. Уште тој ден да се укине и препѓаме од капитализам во робовладетелско општество. Кај за мали плати работиме па и недела да одиме на работа“.
-
„Скандинавците воведуваат петок неработен, а овие недела ќе ја укинувале, која беда. Ај уште малку издржете па ќе нема ни во понеделник кој да им работи“.
-
„Ниедна метропола-главен град не е затворен недела, само Скопје е град на духови. Секаде во светот туристите шетаат викендашки, кој “генијалец” измисли дека недела треба да е неработен ден! Но, да им се плати според закон на оние кои работат недела“.
Д. М.