Цивил Медиа на својата Фејсбук страница го постави прашањето: Што мислите за намерата на Владата да купи авион?
Речиси сите одговори на граѓаните се дека во оваа економска криза најмалку што треба македонската влада е да купи авион.
Ви пренесуваме дел од коментарите на граѓан(к)ите:
- Да е сè друго во државава во ред, нека се купи. Вака, прво треба да се купат пожарникарски и амбулантни возила, автобуси што личат на автобуси, да се средат многу други работи и надвор од возниот парк. Проблем е што тие кои што ќе го користат авионот, везден не убедуваат дека државата е во ред и од нивните политички висини, а мозочни низини, сметаат дека уште авион фали за да биде “цело е кога има сè“.
- Има редовни линии, БРЕ, така ќе бидат меѓу народот, само што не им одговара зашто ќе може да се види дека патува и кој треба и кој не треба!!!
- Нема што да се мисли, мора да се купи авион ако е во оние 1198 проекти кои ги понудија пред изборите…
- Ова влада ги реши сите проблеми (се се распаѓа едино нај добар проект и успешно спроведен, пуштање на криминалците од затвор) во болниците лекови ќе барат донатор, а за авион пари имат арам да ви е.
- Им треба за поубаво да ги видат дивите депонии одозгора.
- Јас сум за боинг 737 макс!
- Мислам дека народот ќе го купи, а не државата.
- Мицето – мисли со него да бега.
- Јас сум за прво мозок да си купат.
- Завршија со Скопје 2014. Сега е на ред Македонија 2025.
- Додека во Скопје нема автобуси важно е вмровска влада да лета во авион со место за болни колена.
- Премиерот наш коленцата го болат,мора да се купи авион.
Д. М.