• Latest
Протест на граѓански организации за итно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, 11 март 2019

Реакција на Мрежата за заштита од дискриминација по повод избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

October 23, 2020

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Реакција на Мрежата за заштита од дискриминација по повод избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

October 23, 2020 10:28
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Протест на граѓански организации за итно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, 11 март 2019

Протест на граѓански организации за итно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, 11 март 2019

Share on FacebookShare on Twitter

„Мрежата за заштита од дискриминација со разочарување ја прими веста дека амандманот на Член 18 не е усвоен и остро ја осудува одлуката на пратениците од власта да не го поддржат. Со амандманот на член 18 се уредува изборот на членовите на комисијата за заштита од дискриминација, чија цел е да се осигура независноста на Комисијата, транспарентна и инклузивна постапка за избор што е во согласност со сите меѓународни стандарди и препораки, како и со мислењето на Венецијанската комисија“, реагираат од Мрежата откако на 21.10.2020 година Комисијата за европски прашања и Законодавно –правната комисија на Собранието не усвои ниту еден амандман поднесен за Предлог – Законот за спречување и заштита од дискриминација, меѓу кои и амандманот на Член 18 поднесен од пратениците Маја Морачанин и Мирослав Богдановски, а за кој се застапуваше Мрежата за заштита од дискриминација.

 „Останува неодговорено прашањето зошто на коалициските партии на власта им пречи потранспарентен начин на избор и именување на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), со оглед на тоа дека пратениците на ДОМ и опозициските пратеници ја препознаа и поддржаа потребата од промена на Членот 18, чија одлука ја поздравуваме.

 Членот 18 кој го предложивме најпрво беше прифатен и предложен од Министерството за труд и социјална политика, но Владата го одби и го поднесе Предлог-Законот со истиот текст кој беше усвоен во 2019 година без притоа да даде објаснување, а чија одлука ние исто така остро ја осудивме.

Како Мрежа испративме барање до сите пратеници да предложат и поддржат амандман на членот 18 со кој постапката ќе се уреди по примерот на постапката за избор на членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Дополнително, Мрежата за заштита од дискриминација поднесе барање за јавна дискусија до Собранието на Република Северна Македонија. Комисијата за европски прашања, заедно со Комисијата за еднакви можности организираа средба со здруженијата по однос на Законот за спречување и заштита од дискриминација на 20.10.2020 година каде Мрежата за заштита од дискриминација, останатите здруженија и екперти од областа аргументирано ја образложија потребата од амандман на Член 18.

 Овој амандман го предложивме бидејќи претходниот состав на Собранието не успеа да избере членови на КСЗД, а медиумите известуваа дека партиите не можат да постигнат партиски договор во Комисијата за прашања на избори и именувања.

 Стравуваме дека со неусвојувањето на амандманот на Член 18 ќе се потврдат нашите сомнежи  и изборот на членовите на КСЗД ќе зависи од партиски договор, а не од квалитетот и заслугите на кандидатите, бидејќи здруженијата на граѓани и медиумите нема да можат непосредно да учествуваат во постапката за избор.

Бараме од пратениците да го донесат Законот за спречување и заштита од дискриминација и да ги изберат членовите на КСЗД што поскоро, на начин со кој ќе ги демантираат нашите сомнежи и ќе одберат професионални членовите на Комисијата кои имаат искуство, знаење и посветеност на недискриминацијата и заштитата на човековите права, а не партиски кадри“, се вели во рекацијата на Мрежата за заштита од дискриминација.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ