• Latest

Реакција на обвинувањата за наводен изборен поткуп, ветувањата во кампањата сѐ поголеми, подготовки на избирачките места според Ковид-протоколи

October 13, 2021
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Реакција на обвинувањата за наводен изборен поткуп, ветувањата во кампањата сѐ поголеми, подготовки на избирачките места според Ковид-протоколи

October 13, 2021 22:29
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Уште неполни три дена до изборниот молк,  кандидатите за градоначалници и партиските функционери во трка со времето за промоција на својата програма и за што поголем број на спектакуларни ветувања кои ќе ги исполнат доколку дојдат на власт.

ВМРО-ДПМНЕ во предизборните калкулации, на свое конто за локалните избори ги додава и гласовите на штедачите од ТАТ, со ветување дека ќе ги обештети кога ќе  ја преземе извршната и законодавната власт. Тензична атмосфера на дебатата на кандидатите за градоначалници на Град Скопје на ТВ Телма, меѓусебни препукувања, обвинувања, дисквалификации и навреди.

Државната Изборна Комисија (ДИК) ги задолжи сите градоначалници да организираат дезинфекција на сите гласачки места во објектите за гласање поради заштита на здравјето на изборните органи, гласачите и учениците.

ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ И НЕЗАВИСНИ

Од Алијанса за Албанците и Алтернатива своите програми ги претставија на дебатни емисииéé, кандидатот за градоначалник на Брвеница, Аргент Гура гостуваше на ТВ Шења, додека претседателот на Алијансата, Зијадин Села учествуваше на дебата на Алсат ТВ.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Кратово, Крива Паланка и Пробиштип, од каде се обрати претседателот Христијан Мицкоски, и кандидатот за градоначалник Маријан Миленковски, и во Ранковце, каде пред насобраните граѓани се обрати пратениот Антонијо Милошоски и кандидатот за градоначалник Борче Спасовски.

Кандидатката за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО ДПМНЕ, Данела Арсовска најави дека ќе поднесе тужба за клевета против Дарко Каевски од СДСМ, за, како што рече, пласираните конструкциите и изнесените  информации на прес конференцијата кои не се точни, туку безобразна политичка конструкција.

„Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ денеска е на собир меѓу граѓаните на Чучер Сандево, во Бутел и Гази баба, од каде се обрати претседателот Зоран Заев и кандидатите за градоначалнци саѓко Комненовиќ, Велимир Смилевски и Борис Георгиевски. Во рамки на вториот караван во Велес се обрати потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски и кандидатот за градоначалник Ненад Коциќ.

Кандидатите на „Одлучно за промени“ на Дом и ЛДП на средби со граѓаните, Антони Новотни,  кандидатот за градоначалник на Центар и Евдокија Тасеска, носителка на советничката листа на Центар, заедно со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин на средба со граѓаните од општина Центар и во Дебар Маало, додека Зоран Павловски – кандидат за градоначалник на Крива Паланака и Дане Милошевски – носител на советничката листа остварија средба со поддржувачите во Крива Паланка.

Кандидатите на независната листа на Шанса за Центар – Група избирачи Јана Белчева–Андреевска, оствари средба со поддржувачите пред трговскиот центар Буњаковец, каде се разговараше за заложбите, проблемите на граѓаните и нивните очекувања. 

Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“  и независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски со реакција на денешната прес-конференција на  пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска.
Класичното режимско постапување од најлошите години на режимот го имаме и сега, ама кај поединци од власта кои ги имаат узурпирано државните институции за партиски цели. Уште во текот на вчерашниот ден, ја информиравме јавноста дека поднесовме пријава за обид на изнуда на средства од кандидат во време на изборен процес. Тоа се потврди и во самата снимка, на која лице бара средства за да обезбеди гласови. Доколку имавте можност целосно да ја слушнете снимката пред да ја одржите денешната прес-конференција ќе се уверевте и самата дека станува збор за притисок и организиран напад врз советници од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“. Пораката која сакате да ја испратите преку претходно договорена прес-конференција за наводен поткуп нема да помине, стои во реакцијата на иницијативата.

Градоначалникот на Чаир од редовите на ДУИ, Висар Ганиу, денеска објави дека потпишал договор со Јавното сообраќајно претпријатие на Град Скопје (ЈСП), со што е обезбедена бесплатна автобуска линија за учениците од Визбегово кои следат настава во општина Чаир. Ганиу договорот го потпиша со генералниот директор на ЈСП, Кристијан Чушков и градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски. Со овој договор, најдено е трајно решение за сите ученици од населбата Визбегово, кои учат во општините Чаир и Бутел.

ДИК

Државната Изборна Комисија (ДИК) врз основа на одредбите од Изборниот законик, ги задолжува сите градоначалници да организираат дезинфекција на сите гласачки места во објектите за гласање. За оваа законска обврска ДИК во неколку наврати во изминатиот период писмено ги извести единиците на локалната самоуправа, со цел  почитување на здраствените протоколи за спроведување на изборите, а поради заштита на здравјето на изборните органи, гласачите и учениците.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

ИЗВЕШТАЈ Во петок, 15 октомври, со почеток во 12:30 часот, ЦИВИЛ ќе го презентира Извештајот од долгорочниот изборен мониторинг и препораките на организацијата. Презентацијата ќе оди во живо,  на Фејсбук страницата и Јутуб каналот на организацијата.

Д. Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ