По кандидатурата на Максим Димитриевски како независен кандидат за градоначалник на Куманово, со своја реакција се јавија од владејачката СДСМ. Во соопштението за јавноста се вели:
„СДСМ ќе ја даде најдобрата понуда за граѓаните на Куманово на овие локални избори, а името на кандидатот и советничката листа ќе бидат објавени наскоро.
Потегот на Димитриевски го олеснува изборот на граѓаните. Тој што им врти грб на граѓаните, на поддржувачите на демократската и прогресивната опција, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за кумановци.
За СДСМ, интересот на граѓаните на Куманово бил и секогаш ќе биде пред интересот на Максим Димитриевски или бил чиј друг личен интерес“, се вели во соопштението.
Претходно, Димитриевски потврди дека се одлучил да собира потписи од кумановските граѓани за независен кандидат за градоначалник.