• Latest

Ребалансот (на предизборните ветувања) и Трите писма на Мицкоски

July 21, 2024

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
Скриншот од видео на CBS News

Трамп го ограничи приемот на бегалци на рекордно ниско ниво – приоритет им даде на белите Јужноафриканци

October 31, 2025

По протестите со говор на омраза, Црна Гора воведе визи за турските државјани и построги имиграциски правила

October 31, 2025

Изборен молк: Период на тишина пред граѓанскиот избор

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Ребалансот (на предизборните ветувања) и Трите писма на Мицкоски

July 21, 2024 08:22
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ

Стар е вицот за трите коверти што премиерот му ги дал на неговиот наследник со совет: „Како ќе ти станува тешко, отворај ги по ред, еден по еден“.

Пар месеци по „медениот месец“ на новата Влада, под притисок на секојдневието, новиот премиер го отворил првото писмо, во кое пишувало: „За сите проблеми обвини ја претходната Влада“. По бројни интервјуа на премиерот и министрите во кои претходниците биле виновни за се, јавноста се смирила.

Поминало време, дошле социјални барања, афери… и премиерот посегнал по вториот коверт, а во него стоело упатство: „Вети нови големи проекти и борба со криминалот и корупцијата“. Премиерот тоа го сторил и – повторно јавноста се смирила, минале празници, наближиле следните избори.

Но гледајќи дека „ѓаволот ја однел шегата“, премиерот го отворил и третото писмо, а во него пишувало: „Напиши три писма за следниот премиер“.

Мицкоски е далеку од третото писмо, но очигледно и вицот и советите од првиот и вториот коверт му се добро познати.

Апсолутната власт за која Груевски се бореше низ предвремените,  претседателските и локалните избори 2008-09, Мицкоски веќе ја има од 8 мај:  ВМРО-ДПМНЕ ја доби Силјановска, апсолутно, па и 2/3 мнозинство, а локалните самоуправи во огромно мнозинство веќе ги управува, вклучително Градот Скопје. И ита кон својата 2011.

Затоа, разбирливи се отсуството на суштински ентузијазам за спроведување реформи кај ВМРО-ДПМНЕ, сведувањето на државните функционери на чувари на канцеларии и на односите со јавноста на повторување ставови од партиски штабови.

Последично, ребалансот на Буџетот проследен со обвинувања кон претходната Влада не предизвика позначајна вознемиреност вон медиумите – на сите им е јасно дека Мицкоски веќе го отвори првото писмо. Впрочем ВМРО-ДПМНЕ ја следи буџетската кондиција уште со техничкиот дополнителен заменик министер од јануари.

Темата што Мицкоски всушност сака да се одбегне е Законот за „специјална економска соработка со Унгарија“, од која произлегува кредитот од 500 милиони евра.

Особено по посетите на Орбан на Москва и Пекинг вон координацијата со неговите европски колеги.

За Северна Македонија суштински се прашањата колку пари, под кои услови доаѓаат и од каде тие потекнуваат.

Фокусот на овие прашања паралелно со импликациите по финансиската стабилност на државата е предизвик пред опозицијата и во и вон Собранието.

Задолжување вон расположливите инструменти и под понеповолни услови одошто кај европските и меѓународните кредитори, имено, може да значи прифаќање политички влијанија од изворот, а не само од формалниот преносител на тие пари со сите последици по државата.

Дополнително, вкупниот надворешен долг може да спречи поповолни задолжувања, а актуелната владина надворешна политика може да се одрази на пристапот до европските помошти од кои зависи адаптацијата на цели индустриски гранки на кон европскиот пазар.

Следствено, пожелно е Мицкоски да ги искористи средбите на Европската политичка заедница за излез од изолацијата што си ја наметна со реториката и до и по изборите. Без да чека согласност од Вучиќ за европската интеграција на Северна Македонија да се издвои од орбитата на Србија.

Впрочем, сите се подготвени за исчекор:

– во однос на Преспанскиот договор низ примена на името на државата erga omnes

– за спроведување на Дополнителниот протокол од Договорот за добрососедство со Бугарија.

Затоа “живаљевиќи” и не успеаа низ пописните резултати во Албанија да го поларизираат Скопје кон Тирана за да се нарушат односите меѓу Македонците и Албанците.


Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ