Помешани „чувства“ кај албанскиот опозициски блок, како што се ближи почетокот на собраниската седница закажана за четврток, на која треба да се гласа недоверба на Владата. Состојбата во двата блока станува се потензична поради големата неизвесност за тоа кој ќе го има мнозинството во Собранието.
По последните случувања, на само ден пред гласањето, останува отворено прашањето која ќе биде одлуката на Алтернатива и Беса за гласањето (не)доверба на Владата.
Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зеид синоќа изјави дека доколку Алтернатива одлучи да ја урне Владата заедно со Левица, тој ќе ја напушти партијата.
„Во моментот кога политичкиот субјект на кој припаѓам (Алтернатива) утре или задутре, се одлучи да го прифати потписот заедно со Левица на списокот, тогаш мојата одлука ќе биде сигурно напуштање на партијата, можам дури и да го вратам пратеничкиот мандат“, истакна тој.
Во врска со Фејсбук статусот на лидерот на Левица Димитар Апасиев, во кој тој го повикува албанскиот блок да гласа против ДУИ, Реџепи-Зеид вели дека Апасиев се обидува да го камуфлира антиалбанизмот како анти-ДУИ.
Затишје околу гласањето има во Движењето Беса , по одлуката на Управниот суд ја прифати жалбата во нивна корист против одлуката на ДИК да се прегласува во Желино, што беше и причината Беса да го напушти доскорешното партнерство во Владата и да одлучи да седнат на заедничка маса со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и да ја потпишат иницијативата за гласање на доверба на Владата. Со новата одлука на Управниот суд, ја снема и причината за незадоволството на Беса.
И во Алијансата за Албанците покажуваат дека не се баш „среќни“ за соработката со „Левица“, позната по своите антиалбански и анти-НАТО ставови, овојпат навредувајќи го лидерот на оваа партија.
Членот на Алијансата за Албанците, Шефик Дураку, во последната негова објава на социјалната мрежа Фејсбук, го нарече претседателот на партијата „Левица“ Димитар Апасиев „Кловн кој не може да ги загрози интересите на НАТО.
„Апасиев ги ризикува НАТО интересите, многу шегобијци станавте… Ни Русија и Кина не можат да ги доведат во ризик НАТО интересите, а не еден кловн, не ни ја навредувајте интелигенцијата, стои во неговата објава.
Д.Мишев