„Дваесет и седум години поминаа. После толку време се соочив со тоа прашање, кој си, што си, од каде доаѓаш, дали ни припаѓаш нам, на стадото овци?“, рече Јасмин Реџепи на денешната панел дискусија „Патриотизам – да! Национализам – не!“ кој ja организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода.
„За сето ова време кога требаше да дадам одговор на какво било прашање или кога требаше да се оценува моето мислење во тој круг на луѓе, требаше да барам дозвола. Требаше ли јас да бидам патриот?
Национализмот е нешто што не тера да се заштитиме себеси кога немаме добри дела па се повикуваме на делата на некоја си група на којашто припаѓаме. Но не е тоа прашањето. Прашањето е што правиме ние сега? Не можеме да се гордееме со патриотизмот на некои други луѓе од минатото. Сега пред нас имаме исправена можност и шанса да ја зграбиме и да покажеме колку сме ние патриоти… Или ќе бидеме кукавици и ќе се тргнеме на страна и ќе чекаме некој друг да го реши тоа за нас“, истакна Реџепи.
Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа и фотографија: Биљана Јордановска
Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.