• Latest

Референдум во Македонија, парламентарно мнозинство во Грција

July 4, 2018

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Референдум во Македонија, парламентарно мнозинство во Грција

July 4, 2018 08:39
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската влада се подготвува за референдум за договорот за името, додека грчката Влада посакува најголемо можно парламентарно мнозинство откако коалицискиот партнер во Владата и министер за одбрана, Панос Каменос на вонредна прес конференција рече дека за Договорот од Преспа треба да одлучи народот на референдум или да има избори, доколку не биде изгласан со зголемено мнозинство од 180 пратеници.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека не се знае референдумското прашање, но посочи дека во прашањето ќе бидат договорот со Грција, како и ЕУ и НАТО.

– Заедно со сите политички чинители и со граѓанскиот сектор ќе одлучиме дали референдумот ќе биде консултативен или обврзувачки, но она што треба сите да го знаат е дека резултатот ќе биде задолжителен. Тоа значи ако референдумот помине ќе треба да ја почитуваме волјата на граѓаните, да гласаме во Парламентот и да работиме, особено на реформите и на процесите кои следуваат, рече Заев.

Најверојатно, како што додаде, ќе останат роковите, крајот на септември и почетокот на октомври за референдумот и во тоа ќе помогнат Државната изборна комисија и експертите во Парламентот.

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска вчера порача дека фокусот на Владата во моментов е насочен кон Самитот на НАТО, закажан за 11 и 12 јули во Брисел, а откако Македонија ќе ја добие долгоочекуваната покана, енергијата ќе биде насочена кон референдумот за договорот со Грција.

– Навистина фокусот ни е да направиме се во 2018 да го добиеме она што го испуштивме во 2008 година. Во меѓувреме разговараме, се консултираме со правници, се консултираме со експерти и очекуваме по Самиотот на НАТО за оваа тема да се носи одлука таму каде што треба, а тоа е во Собранието на РМ, рече Шекеринска.

Кабинетот на Алексис Ципрас во однос на Договорот објави дека Владата на Грција ќе се држи до она што го предвидува Договорот и оти желбата е да постои најголемо можно парламентарно мнозинство.

– Желба на Владата е Договорот за решение на проблемот што со години ѝ тежеше на нашата надворешна политика да има најголемо можно мнозинство во Парламентот. Штом другата страна ги исполни обврските што произлегуваат од Договорот, Владата ќе донесе одлуки што се однесуваат колективно на процесот на ратификација, секогаш почитувајќи ги меѓународните обврски и Уставот на земјата, коментираат од Кабинетот на грчкиот премиер.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од Кабинетот на Ципрас потсетуваат дека грчката страна дала согласност за почеток на преговори за нашата земја, кои ќе резултираат со протокол за интеграција, „само доколку успешно завршат уставните реформи и референдумот“, нешто што најрано ќе заврши на крајот од годината.

Соопштението – коментар од Кабинетот на премиерот на Грција следи откако лидерот на Независни Грци, коалицискиот партнер во Владата и министер за одбрана, Панос Каменос одржа вонредна прес конференција на која рече дека за Договорот од Преспа треба да одлучи народот на референдум или избори, доколку не биде изгласан со зголемено мнозинство од 180 пратеници.

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас вчера во интервју за грчкото радио „Сто Кокино“ кажа дека за Договорот постои мнозинство пратеници во Парламентот во Грција.

– Договорот е многу добар, не отстапува национален суверенитет за да се поставуваат како предуслов 180 гласови во Парламентот. Каменос ги знае овие работи и прави политички избор, рече шефот на грчката дипломатија во интервјуто. (МИА)

Tags: ГрцијаимеМакедонијаподготовкиреферендум
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ