Кога е во прашање за ставот во врска со Референдумот и ставот во врска со ова прашање, јас сум категоричен и сум „за“ бидејќи тоа е клучот за подобра иднина. Причините се едноставни. Со одолговлекувањето на решението за спорот со името, преку овој модул сега е направен компромис и од двете страни.
Не се во „ќар“ ниту Македонија, ниту Грција, и двете страни се во „зијан“. Индиректно Грција е во „зијан“ бидејќи го признава македонскиот јазик, идентитет , култура и друго, а Македонија е во „зијан“ само со додавка на името Северна. Но, од друга страна, Македонија не е во голем „зијан“ од причина што сепак „менува наслов“, а не идентитет.
Тоа би му дошло пластично објаснето вака – Живеам во Скопје со адреса на пример: улица Маршал Тито, број 35, но, градот донел одлука да ја преименува во ул. Гоце Делчев број 35. И тоа е тоа, јас сум истиот Рамуш Муарем од ист татко, иста мајка, ист матичен број, но со преименувана улица, меѓутоа на иста територија. Сега е потребно да менувам лична карта, пасош, возачка со новото име на улицата – и крај!
За разлика од тоа, Македонија со преименување на името има ќар со влез во ЕУ и НАТО, а тоа е да бидеме рални – подобра перспектива за идните поколениа и генерации. Без страв, нема да се наименуваат како Северно Македонци. Дефинитивно сум „за“.
Оваа колумна е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“.