• Latest

Рефлектор: Вандализам, закани и говор на омраза

July 1, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Рефлектор: Вандализам, закани и говор на омраза

July 1, 2020 20:31
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ најостро го осудува говорот на омразата силно присутен во дел од предизборните кампањи и во јавната комуникација во изборен контекст.  Особено се поприсутниот говор на омраза на социјалните мрежи алармантно потсетува дека е време да се стави крај на неказнивоста на говорот на омраза и говор што поттикнува дел од омраза. ЦИВИЛ ги повикува институциите, пред сѐ, Државната изборна комисија и обвинителството, како и медиумите и целата македонска јавност најостро да ги осудат и да ги отфрлат сите облици и изрази на говорот на омразата во јавните настапи на поединци и групи, но и да се најде механизам тој да не станува вирален на социјалните мрежи.

Мониторингот на ЦИВИЛ утврди дека се употребува експлицитен говор на омраза на социјалните мрежи, дел од интернет порталите, како и за време на јавните настани што ги организираат политичките структури што ги поддржуваат и промовираат своите кандидати за предвремените парламентарни избори.

Пример на дело од омраза е вандализмот и јасните заканувачки пораки упатени кон ЦИВИЛ.

Седиштето на ЦИВИЛ повторно е мета на вандализам со заканувачки и навредливи пораки. Панелот во дворчето зад седиштето на организацијата што се користи за состаноци и изјави за јавноста е турнат, а врз него е ставена лопата. Натписот со логото на организацијата и натписот „Слободна зона“ веднаш под него се скинати, а пред вратата беа истурени отпадоци. На вратата, со остар предмет е изгравиран зборот „Nazi“ (нацист).

Ова не е првпат ЦИВИЛ да биде мета на вакви напади со оглед дека  нејзините претставнички и претставници се постојано под напад од националисти и радикали, па и од високи функционери на одредени политички партии и политички структури.

Мониторингот на ЦИВИЛ во последните неколку дена детектираше над 50  случаи на говор на омраза, во најголем дел на социјалните мрежи и интернет портали.

Од нив ги одвојуваме следните случаи:

Говор на омраза: „Глас за Заев е глас за ш….. премиер“!

Лицето Никола Пејовски на Фејсбук шири говор на омраза. Тој објавува статус: „Глас за Заев и сдс е глас за Албанец (ш……р) премиер!!! Е па чорба Македонче“. Под неговиот статус има неколку коментари кои исто така продолжуваат со ширење на говорот на омраза по партиска, етничка и верска основа.  На неговиот Фејсбук профил единствено може да се види дека е член и активист на ВМРО-ДПМНЕ.

Говор на омраза: Џабирци ШИПТАРИШТА мразат Македонци до коска

Твитер профилот @DenicaMMM (очигледно лажен профил) е преполн со твитови со експлицитен говор на омраза, високо изразен национализам и поттикнува нетрпение од сите форми. Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, меѓу другите твитови со срамни содржини забележува дека овој лажен профил (бот) се бави и со етничкото потекло на составот на тимовите на организацијата. Самиот наслов на објавениот случај посочува за кој член на организацијата се работи.

Говор на омраза и закана за активистот Ненад Јовановиќ

На активистот Ненад Јовановиќ му се упатени јавни закани на Фејсбук страната „Налет да се сторите“ дека нема да смее да излезе на улица откако гостуваше на емисијата „Само вистина“ на Канал 5, во која зборуваше дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев не погреши што постигнаа Договор со Грција со кој се смени името на државата.

Повеќе за овие случаи прочитајте на civilmedia.mk и drejt.mk.

Б. Јордановска

Монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ