• Latest
Војо Маневски

Реформите се неостварливи со транзициските партии

April 26, 2025

Новиот Европски народен форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Реформите се неостварливи со транзициските партии

April 26, 2025 10:30
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Можеби поприфатливо е да напишев дека реформите скоро и да се невозможни со транзициските партии, но искуството вели дека ако останат вака организирани, политичките партии како акционерски друштва само ќе се обновува нивната персонална структура, без да се направат суштински промени и во нив, и во заедницата.

Некогаш е потребно да излезе човек од својата непосредна околина за да може од друг агол да ги осознае нештата околу него.  Една недела поминав во Белград и малку од поблиску се обидов да ги согледувам случувањата таму. Секако не се ни обидов да ги разберам длабоките поделби во тамошното општество но разговарав со истакнати личности од јавниот живот. Сликари, писатели, поранешни политичари и се разбира новинари.

Секој има свое видување за причините и последиците на револтот на младите кон состојбите . Општ е заклучокот само дека вака веќе не може да се очекува напредок на државата. Потполната партизација на институциите од страна популистичката СНС и партиите во нејзината коалиција го парализираа системот. Сето тоа со национализам и некаков патриотизам не може да се лекува.

Интересен заклучок има и за патриотизмот како категорија и неговото разбирање . Очевидна е разликата меѓу Србите кои се од некогашна република Србија и оние што низ војните во деведесеттите настрадаа и сега живеат на рабовите на Белград или Нови Сад. За оние што дојдоа после деведесеттите домашните не се доволно Срби зошто не умеат доволно да ги мразат Хрватите, Бошњаците или Албанците. Некако како прибежиште им доаѓа тој горлив национализам ,како терапија за последиците од војните низ кои поминале.Владејачката партија има најголем дел во сопственото членство и поддржувачи токму од таа структура на граѓани.

Појавата на студентските протести и пленуми ним им изгледа како повторно рушење на државата во која некако успеале да се вклопат и да дојдат до високи државни места. Можете да ги видите нивните презимиња и ќе сфатите дека најголем дел од нив влечат корени од Краина. Босна и Херцеговина и Косово. Исплашени се од промените кои можат повторно да ги вратат на маргините на општеството. Колкава е нивната моќ да ги спречат нужните промени допрва ќе видиме.

Она што мене ме интересираше во разговорот со соговорниците е дали ваквиот начин на протести за промени во општеството можат да имаат влијание и на соседните држави. Скоро сите велат дека во суштина причините се слични и прашање на време  е кога нужноста од детронизирање на транзициските партии ќе дојде на дневен ред.

Во Босна и Херцеговина побргу се можни вакви барања но не и во нејзиниот дел што се нарекува Република Српска. Високите напливи на национализам и страв од српска доминација во федерацијата се помали поради големото присуство на меѓународниот фактор. Во Република Српска засега со страв од укинување и пумпање на национализам може да се одржи Додик но само до моментот кога во Србија ќе се случат промени. После тоа сето негово влијание драстично ќе се намали и потребите од функционална држава ќе стигнат на дневен ред.

Се разбира мене најмногу ме интересираше што мислат дали состојбите во Србија ќе се одразат и на состојбите во Македонија. Во одговорите имаше низа на разни теории на заговор, геополитички анализи и резултати . Многу често се споменува поврзаноста на Унгарија, Србија и Македонија во светло на новите воени договори меѓу Хрватска Албанија и Косово па и Бугарија иако од Софија тоа го демантираа. Вокабуларот на моите соговорници се движи од патетични анализи за големата поврзаност и братство меѓу српскиот и македонскиот народ до заедничката опасност од албанскиот експанзионизам и сл. Но сериозноста на соговорниците го вреднува и одговорот на прашањето. Писателот Басара вели—„ и ние и вие сме на раскрсница на вредностите кои последните триесет години ги градиме. Тој провизориум од општество и држава денес се претесни за младите и нивната перспектива. Ги ставивме во состојба кога имаат само две решенија. Да си одат од дома или да се обидат овде да направат пристојно место за живеење. Тоа можат да го постигнат само ако се изборат со нас кои сме последица на транзициските вредности. Политичките партии поставени само врз поделбата на општествениот продукт а без да понудат политики за негов раст мора да се симнат од политичката сцена. Тоа може да се направи само со интелектуална маргиналиизација на нивните активисти и клиентелистичко членство. Или да бидам груб и кажам дека за такви истрошени политичари и активисти веќе не треба да се гласа. Само така младите можат да успеат а при тоа формирајки нивни автентични политички субјекти. Она што е заедничко и за Србија и за Македонија е потребата од заедница, бидејќи во неа се гради заедништво, а не општество (друштво) каде  граѓаните само се „дружат“, живеејќи само едни покрај други без заеднички именител и одговорност за заедницата.

Ова го сметам за сериозна анализа иако некои од моите некогашни колеги имаат и издржани анализа за тајкунеријата која е длабоко изврзана и тешко ќе попушти зошто реформите навлегуваат во нивните профити кои се засновани врз слаби институции и моделирање на правниот и судскиот систем по терк на нивните интереси.

Според нив, најголема опасност и пречка за етаблирање на нови политички субјекти се токму тие што добро ја искористија транзицијата и сега од позиција на пари и моќ директно ги контролираат постоечките политички партии. Тоа дека ќе се обидат преку сопствените медиуми да го маргинализираат целото студентско движење е повеќе од очекувано . Затоа новите социјални мрежи остануваат единствено место за одбрана на студентите и нивните барања. Во Србија тоа веќе не се само студентите и нивните форуми туку и академската заедница која се чувствува маргинализирана од партиските кадри кои со сомнителни дипломи и уште по сомнителни знаења се обидуваат да ги преземат државните универзитети и целиот систем на образование.

Не мислам дека треба да го кажам и моето мислење за можноста од прелевање на незадоволството на младите од соседна Србија кај нас  зошто го познавам мојот народ и граѓаните на мојата држава. Болеста на клиентелизмот и овде е сериозна. Надеж е молкот на мнозинството граѓани. Тој молк е надежта. Нему му треба само некој инцидент или некаков повод па ќе бидеме сведоци на брзо растење на облиците на протести и барања за реформи и во државата и во општеството. Се надевам дека таков повод нема да биде некаква катастрофа или несреќа над кој ќе го градиме новиот начин на разбирање на заедницата. Да, да, заедница а не акционерско друштво со ограничена одговорност.


Текстот е личен став на авторот
Tags: политички партииреформитранзиција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ