• Latest

Реформите во правосудството, еден од доминантните сектори во Планот 18

June 8, 2018
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Реформите во правосудството, еден од доминантните сектори во Планот 18

June 8, 2018 11:33
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Реформи на правосудството е еден од доминантите сектори во Планот 18, чија драфт верзија денеска пред невладиниот сектор ја презентираше вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Планот 18 и натаму ќе се фокусира на основните столбови на 3-6-9,  каде освен правосудството се и реформите во јавната администрација и безбедносните служби, но ќе биде насочен и на борбата против корупцијата и организиран криминал,  улогата на медумите, слободата на говор, улогата на граѓанското општество, борбата против нелегалната миграција.

Планот денеска Османи ќе и го презентира и на опозицијата, која, како, што кажа треба да биде вклучена во овие реформски процеси.

– Денеска имам состанок и со опозицијата, ќе им го презентирам Планот и ќе се обидеме да ги вклучиме во процесот, бидејќи овој проект на ЕУ не е ниту партиски, ниту владин, тоа е генерациска обврска, дадена од граѓаните на Република Македонија, независно од етничката или партиската припадност, нагласи вицепремиерот.

Појасни дека со Планот 3-6-9 е направена рамка, донесени беа стратегиите, со акционите планови, со десетици закони кои треба да го реформираат системот, а со новиот План 18 продолжува усвојување на законите, но во него ќе бидат содржани сите препораки од извештајот на ЕК. Планот нема да се фокусира само на политичките критериуми, туку и на економските.

– Планот 369 успешно ни ја донесе чистата девета препорака за почеток на преговори, но ние јасно  дадовме до знаење дека реформите не ги разбираме и самиот процес на евроинтеграција не го разбираме како технички процес на донесување мерки, туку како суштински процес на транформација на општеството во европско, со цел граѓаните да живеат во европски вредности, вели вицепремиерот.

Нагласи дека следниот најдобар чекор по Планот 3-6-9 не е почнување на план 12, туку, почнување преговори и отворање на 23. и 24. поглавје.

– Овој месец е најважниот, кој ќе ја одреди судбината на државата во тој правец, вчера и завчера во Брисел се драфтираа предлог заклучоците, кои треба да се донесат на јунскиот самит на ЕУ, посочи Османи.

Појасни дека за да не се создаде јаз меѓу Планот 3-6-9 и почетокот на преговори оваа недела е лансиран Планот 18, кој треба да го покрие периодот од завршување на 3-6-9 до наредниот извештај на ЕК.

(МИА)

Tags: Влада на Република Македонијаправосудствореформи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ