• Latest
Илустрација: ЦИВИЛ

Реформска агенда: „Жежок“ јуни за Македонија, ја чека многу работа за да ги добие парите од ЕУ

June 2, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Зеленски: Русија мора да биде повикана на одговорност, светот мора да изврши притисок за крај на војната

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Реформска агенда: „Жежок“ јуни за Македонија, ја чека многу работа за да ги добие парите од ЕУ

June 2, 2025 13:05
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Илустрација: ЦИВИЛ

Илустрација: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

На Северна Македонија ѝ останува само еден месец да ги заврши дел од реформите утврдени во Реформската агенда, чиј рок истекува во јуни. Меѓутоа, овој период се смета за краток, со оглед на големиот број на обврски што треба да се исполнат. Од спроведувањето на овие реформи зависи обезбедувањето на дел од парите, односно 70 милиони евра од вкупно 750 милиони евра финансиска помош од Европската Унија. Порталб.мк ги сумираше 16-те главни реформи што Северна Македонија мора да ги спроведе во овој ограничен временски период, за да не ризикува губење на финансиската поддршка и да продолжи со напредокот на патот кон европската интеграција, пишува Порталб.

Целосното транспонирање на пакетот за интеграција на електричната енергија и продолжувањето на неговата имплементација во согласност со барањата на Енергетската заедница, како и постепеното намалување на јавната интервенција во одредувањето на цените за снабдување со електрична енергија во согласност со член 5 од Директивата 2019/944 за заедничките правила за внатрешниот пазар на електрична енергија, се дел од реформите што треба да се спроведат до јуни. Во продолжение ги наведовме сите други реформи, и покрај овие две, има и уште 11 други.

  • Усвојување на Тригодишниот план за реновирање на објектите на Централната влада усогласен со годишната цел за реновирање од 3%.
  • Усвојување и спроведување на законската рамка за сајбер безбедност што е целосно во согласност со политиката на ЕУ за сајбер безбедност и законот на ЕУ за сајбер безбедност, така наречениот Закон за безбедност на мрежите и информациските системи и ажурираната стратегија за сајбер безбедност.
  • Усвојување на новиот Закон за електронски комуникации, хармонизација на националното законодавство во согласност со законите на ЕУ и Законот за гигабитна инфраструктура, по неговото стапување во сила во ЕУ.
  • Усогласеност со Регулативата на ЕУ за дигитален идентитет и Регулативата eIDAS2 преку донесување на ажуриран Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, вклучително и усогласеност со новата Регулатива на ЕУ за дигитален идентитет со која се ревидира Регулативата eIDAS.
  • Донесување законска регулатива за овозможување на архивирање на електронски документи.
  • Зголемување на бројот на инспекции на Државниот инспекторат за труд за 20% и на Пазарниот инспекторат за 15% во споредба со просекот за периодот 2020-2023 година. Инспекциите се вршат врз основа на принципот на секторски ризик, со фокус на градежништвото, туризмот и земјоделството.
  • Врз основа на претходното мапирање на 377 тарифи и препораките од релевантниот проект за техничка помош финансиран од ЕУ, оптимизирани се 28 такви тарифи.
  • Олеснување на пристапот до кредити за малите и средните претпријатија преку измени на релевантното законодавство за да се овозможи користење на нематеријални средства како колатерал при кредитирањето на малите и средните претпријатија.
  • Создавање јавно достапен регистар на претпријатијата во државна сопственост и комерцијални друштва со државно учество.
  • Усвојување на планот за реструктуирање на државниот железнички оператор и управителот на железничката инфраструктура до јануари 2025 година.
  • Усвојување на измените на законите што ги регулираат платите на судиите и обвинителите, како и судската и обвинителската служба.

Некои од горенаведените обврски се во фаза на спроведување, како што е Законот за електронските комуникации и Законот за платите на обвинителите. Во меѓувреме, три реформи што беа предвидени за овој период веќе се спроведени, а тие се:

  • Изборниот законик е изменет во согласност со набљудувањата на ОДИХР за изборите во 2024 година.
  • Новиот Закон за Судскиот совет е усвоен во согласност со „Мисијата за проценка“ за функционирањето на Судскиот совет од 23 септември и мислењето на Венецијанската комисија.
  • Сите отворени работни места во Агенцијата за управување со конфискуван имот се пополнети.

Во врска со овие реформи, Владата или одговорните институции треба да го документираат секој напредок за исполнување на условите и да обезбедат точни извештаи за да го оправдаат бараниот износ на средствата. Изворите за проверка на спроведувањето на овие реформи ќе бидат документите изготвени од надлежните институции, извештаите доставени до Владата и официјалните објави (на пр., во Службен весник).

Потсетуваме дека од Министерството за европски прашања соопштија дека развиваат една  онлајн платформа, која ќе обезбеди целосна транспарентност во спроведувањето на Реформската агенда. Оваа платформа на граѓаните и заинтересираните страни треба да им овозможи директен пристап до информации за реформите, датумите на извршување и релевантните проекти. Но, поминаа шест месеци  од изјавата на министерот Муртезани, а оваа платформа сè уште не е готова.

Инаку, Реформската агенда на Северна Македонија е поделена на два главни дела. Првиот дел ги дефинира целите и кохерентноста на Реформската агенда, додека пак вториот дел ги опишува областите на сличните политики и реформи. Опфаќа 136 активности организирани во пет приоритетни области:

  1. Област на политиката 1: Владеење/Реформа на јавната администрација и управување со јавните финансии.
  1. Област на политиката 2: Енергетска/дигитална транзиција. Ова ги вклучува подобластите: пазарни реформи, декарбонизација, обновливи извори на енергија, усвојување на системот за тргување со емисии, енергетска ефикасност и загадување на воздухот, сајбер безбедност, дигитализација.
  2. Област на политиката 3: Човечки капитал со неговата подобласт Образовни вештини.
  3. Област на политиката 4: развој на приватниот сектор и деловното опкружување со подобласт: деловно опкружување.
  4. Област на политиката 5: Основи/владеење на правото со подобластите: демократија, независност, квалитет и интегритет на судството, консолидација на функционирањето на судскиот совет, ефикасност на судството, борба против корупцијата, борба против организираниот криминал, враќање на имотот.

Седум проценти, или 52,5 милиони евра, се пари што државите ги добиваат однапред за да ги спроведат овие реформи. На РСМ тие веќе и се исплатени во март годинава. Остатокот ќе се префрла на рати, во зависност од тоа дали државата ќе ги исполни реформите во ветениот рок. Секоја од 136-те активности има специфичен рок. Доколку владата ја заврши активноста во овој рок, таа испраќа извештај до Европската комисија, во кој се опфатени и докази за сработеното. Комисијата, во рок од петнаесет дена, го разгледува и оценува напредокот и, доколку е задоволителен, ја одобрува исплатата на парите. Доколку некоја обврска не е исполнета на време, има рок од една година во кој земјата може да ја корегира. За целосно искористување на средствата реформите мора да бидат завршени до декември 2027 година.

Премиерот Христијан Мицкоски и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен / Фото: Влада на РСМ

Првиот сериозен тест за земјата беше во март оваа година. До тогаш требаше да се завршат пет реформи, главно измени на законите: Законот за трговски друштва со кој се воведуваат нови правила за назначување независни членови во одборите на државните претпријатија, Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, како и измени на Законот за буџети, вклучително и создавање на регистар на јавните субјекти. Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, вели дека овие обврски се исполнети и дека очекува да добиеме до 17 милиони евра.

„Сè уште не сме ги добиле парите за овој дел. Поднесовме барање и Комисијата ќе се изјасни по 90 работни дена. Доколку сметаат дека предложените документи се доволни за да заклучат дека реформите се успешно спроведени, тогаш врз основа на нашето барање ќе бидат исплатени 17 милиони евра. Имавме пет чекори за исполнување. Доколку сите пет чекори бидат оценети како успешни од страна на Европската комисија, тогаш ќе добиеме 17 милиони евра. Доколку сметаат дека одреден чекор не е исполнет 100%, тогаш тој износ ќе биде намален“, рече Муртезани.

Следниот рок за поднесување извештај за реформите и барање на следните пари (70 милиони евра) е крајот на јуни, кои како што споменавме погоре се вкупно 16.

Потсетуваме дека Реформската агенда на Северна Македонија беше усвоена на 23 октомври 2024 година од страна на Европската комисија, и истата е ориентирана кон решавање на фундаменталните предизвици што го попречуваат социо-економското приближување на земјата кон Европската унија (ЕУ). Од неа зависи исплатата на средствата од ЕУ за нашата земја.

Планот за раст за Западен Балкан од 6 милијарди евра беше усвоен од Европската комисија на 8 ноември 2023 година. Тој се заснова на четири столба: зајакнување на економската интеграција на единствениот пазар на ЕУ; зајакнување на економската интеграција во рамките на Западен Балкан преку регионалниот заеднички пазар; забрзување на фундаменталните реформи и зголемување на финансиската помош за поддршка на реформите.

извор: МЕТА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ