• Latest

Регионален проект за унапредување на стручното образование

May 16, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Регионален проект за унапредување на стручното образование

May 16, 2022 14:46
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија, Албанија и Косово ќе бидат вклучени во регионален проект „Обезбедување квалитет за работата на координаторите за врски со компаниите“ чија цел е да се зголеми квалитетот на стручното образование преку посилна комуникација на компаниите и училиштата, вмрежување на центрите за стручно образование и обука и развивање партнерства во приватниот сектор, пренесува МИА.

Проектот е двегодишен (2022-2024) и се надоврзува на претходниот – „Училиштата се среќаваат со компаниите“ (2018-2021) во кој во земјава беа обучени 80 координатори од средните стручни училишта за да бидат врска помеѓу училиштата и компаниите каде што се спроведува обуката и од чии резултати произлезе прирачник на македонски и на албански јазик.

Со останатите проекти за дуално образование, новиот региоанлен проект ќе влијае за намалување на невработеноста и за економски и социјален напредок на државата. Ќе биде спроведуван од Центарот за стручно образование и обука во соработка со Регионалната канцеларија за соработка на Австриската агенција за образование и интернационализација (OeAD) и Волонтерскиот центар Скопје.

Мадалена Коминчини, координатор за образование од OeAD, на официјалното отворање на регионалниот проект истакна дека меѓу резултатите што се очекуваат од него се помагање на бизнис-координаторите да ги унапредуваат своите вештини и врските со приватниот сектор, разработка на пакет на алатки за добри практики, мерки за обезбедување квалитет за поддршка на ефективност и комуникација на координаторите.

-Планираме различни активности – ќе работиме на национално, но исто така и  на регионално ниво, особено во размената на искуства. Тоа ќе го направиме преку воспоставување национални заедници за учење, на регионално ниво ќе воспоставиме мрежи на бизнис-координатори како и практични обуки. Ќе организираме тркалезни маси за механизмите за обезбедување квалитет на работата на бизнис-координаторите и кампањи за подигање на свеста особено во компаниите – за да ги привлечеме да учествуваат во учењето преку работа. Со поврзување на компаниите и училиштата ќе се поддржи развојот на регионалните (ВЕТ) центри за стручно образование и јавните стручни училишта во трите земји, како и на центрите за стручно образование, рече  Коминчини.

Заменик-министерот за образование и наука Лулзим Алиу истакна дека МОН прави реформи во средното стручно образование преку редизајнирање на наставните програми и отворање нови образовни профили за да се продуцира кадар со вештини и компетенции кои ги бара пазарот на трудот, а ним ќе им обезбеди брзо вработување.

-Важно е што во овие активности не сме сами, имаме голема меѓународна поддршка. Во претходниот проект „Училиштата се среќаваат со компаниите“ беа обучени 80 координатори од средните стручни училишта за да бидат врска помеѓу училиштата и компаниите каде што се спроведува обуката. Резултатите од активности се импресивни. Ако во 2020/2021 сме имале 11  дуални паралелки, во идната учебна година 2022/2023 отвораме 223 дуални паралелки во соработка со 450 компании. Бројките покажуваат значајно зголемување на компании кои одлучија да соработуваат со стручните училишта и да им овозможат обука на учениците во реални производствени услови. Исто така, постојано се зголемува и бројот на ученици кои избираат средно стручно образование што е резултат на привлечните профили во дуалните паралелки, како и на промоцијата на дуалното образование и можностите што тоа ги отвора. Дополнително, стручното образование го стимулираме со 2220 стипендии за учениците од прва година, истакна Алиу.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ