• Latest

Репортери без граници: ЕУ веќе не може да го „врти погледот“ додека се стега јамката околу српските новинари

April 4, 2025
Волфганг Ресман, Медија дијалог, Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ)

ВОЈНА НА ТЕРОР: Д-р Волфганг Ресман за рускиот ракетен терор во Кијив

July 24, 2026
Илустрација ВИ

ЕУ го казни Гугл со рекордни 890 милиони евра поради нарушување на конкуренцијата

July 24, 2026
Фото: Фронтлајн

Унгарија отвори истрага за заемот од една милијарда евра за Северна Македонија

July 24, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Вашингтон со нова царинска офанзива, ЕУ, Кина и Канада реагираат

July 24, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Затишје што не навестува ништо добро

July 23, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Ознаката PRESS може да значи смрт

July 23, 2026

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Репортери без граници: ЕУ веќе не може да го „врти погледот“ додека се стега јамката околу српските новинари

April 4, 2025 15:37
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Српското новинарство е систематски репресирано, но европските политички лидери остануваат заглавени во состојба на виновна неактивност. Репортери без граници (РСФ) го повикува Европскиот парламент да обезбеди Европската комисија да ги преземе своите одговорности во однос на сериозното кршење на слободата на печатот од Србија, принцип што мора да се почитува за балканската нација да се приклучи на Европската унија, соопштија денеска  од Репортери без граници. 

„Властите на Србија се нишаат под притисокот на националниот протест и го стегаат ременот околу независните и критички медиуми“, пишува денеска на веб-страницата на РСФ.
РСФ го повика Европскиот парламент да се погрижи Европската комисија да ја преземе одговорноста за тие сериозни напади врз слободата на медиумите, „чие почитување е предуслов за пристапот на Србија во Европската унија“.

Од РСФ сметаат дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дала „благо“ предупредување за потребата од преземање „мерки“ за слободата на медиумите, а комесарката за проширување Марта Кос била „задоволна што само ги спомнува независните медиуми без да укаже на сериозната закана за медиумите во Србија“.

Наведуваат од РСФ за 14 напади на новинари од 1 ноеври лани.

РСФ укажува дека од почетокот на демонстрациите студентите во таблоидите се обвинети дека се „странски агенти“ платени од опозицијата и дека „подготвуваат државен удар“. „Тие се и цел на кампања на дезинформации“.

Властите ги користат сите средства за да го задушат слободниот печат. Странските новинари се протерани, вклучително и тимот на хрватскиот телевизиски канал RTL и хрватската хонорарна новинарка Ива Анзуловиќ, на која и беше забранет влез бидејќи се сметаше за „безбедносен ризик“. Најголемиот независен канал, N1, е блокиран со помош на членови на владејачката партија, а страницата за проверка на факти „Истиномер“ беше претресена од полицијата. Самиот претседател Вучиќ врши постојан притисок врз традиционално владината јавна телевизија РТС.

Според класификацијата на РСФ за слобода на медиумите за 2024 година, Србија беше рангирана на 98 место меѓу 180 земји и територии.

Д. Т. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ