Ресторанот Шари, лоциран во близина на Старата мелница во Тетово нуди бесплатен оброк за оние кои немаат што да јадат.
На таблата пред ресторанот пишува: „Овде можете да земете бесплатен оброк од 9 до 13 часот, секој ден“.
Се чини дека сопствениците на ресторани и продавници за храна сѐ почесто размислуваат за ваквите можности. За време на постите во светиот месец Рамазан, во скопски Чаир, неколку пекари делеа бесплатен леб за оние кои не можат да си дозволат да купат.
Ваквите постапки на сопствениците и менаџментот се навистина за поздрав. Тие се пример за општествено одговорни фирми и компании.
Или како што пишува активистката Мерсиха Смаиловиќ, на својот фејсбук профил, каде известува за хуманитарната акција на тетовскиот ресторан: „Не е тешко да правиме добри дела и да им помагаме на нашите пријатели, соседи, роднини…“.
М. И.