Денешната програма за одбележување на 26 јули ќе биде заокружена со централен настан во 21 часот во Градскиот парк, каде што ќе се одржи концерт на Филхармонија на РСМ и „Архангел“, насловен како „Филхармонија и Архангел за Скопје“.
ЦИВИЛ ве носи во спомените на скопската сцена пред 20 години, на концертот „Рок за мир“ во воената 2001 година. „Архангел“ беше едно од 10 звучни музички имиња кои и рекоа „НЕ“ на војната. ЦИВИЛ им посакува успешен концерт вечерва, погледнете, како звучеа „Архангел“ пред 20 години.