• Latest

Ретроспектива и перспектива: Граѓански иницијативи на ЦИВИЛ

January 6, 2021
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар да ги смири протестите на Генерацијата Z, демонстрантите го отфрлиja назначувањето

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025

Од бугарски ‘куфери со пари’ до УСБ стик – нови лаги на ВМРО-ДПМНЕ за Заев

October 7, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет (9 октомври, ден 2, целосна програма)

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Partizán

Полска и Литванија го отфрлаат тврдењето на Меркел дека ја поткопале политиката на ЕУ кон Русија, го критикуваат нејзиното зближување со Путин

October 7, 2025
Фото: ССМ

ССМ: Нема достоинствена работа без достоинствени плати

October 7, 2025

Скопје домаќин на меѓународна конференција за одбрана на демократијата, зајакнување на отпорноста, заштита на демократските институции и изборните процеси (целосна програма)

October 7, 2025
Фото: Топ чанел

Убиство во судница во Тирана: Судија Калаја застрелан, три лица уапсени

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Ретроспектива и перспектива: Граѓански иницијативи на ЦИВИЛ

January 6, 2021 12:51
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Улогата на граѓанките и граѓаните секогаш има круцијална важност и влијание во спроведувањето на општествените и политичките процеси во нашата земја. Независно од сферата на делување, креирањето на политики што се првенствено од најголемо значење за граѓанки и граѓаните го трасира патот во какво општество ќе живееме и колку доброто владеење ќе го дефинира политичкото уредување во нашата држава.

Секогаш тргнувајќи од фундаменталните човекови права и слободи, проширувајќи го корпусот на делувањето во специфични области кои, исто така, се дел од човековите права и слободи, ЦИВИЛ 2020 година ја обележа со повеќе  граѓански иницијативи со повик на активно граѓанско учество во креирањето на општествено –политичките состојби во нашата земја.

Затоа, независно дали станува збор за воспоставување, негување и промоција на мирот и контролата на оружјето, гласачкото право, родовите прашања, зелените вредности, европските вредности, антинационализмот, социјална правда, антикорупција, борба против лажните вести, дезинформации и говорот на омраза,  граѓанското учество и делување ја има најважната задача во демократизацијата на една држава, на едно општество.

ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ВО КРЕИРАЊЕ НА ВЛАДИНИТЕ ПОЛИТИКИ

Повикот на ЦИВИЛ до своите членови, поддржувачи, соработници и сите заинтересирани граѓанки и граѓани да учествуваат во новата акција: Граѓански форум за учество во креирање на владините политики допре до голем број граѓанки и граѓани, активисти и поддржувачи на организацијата. На нашите електронски адреси секојдневно пристигнауваа голем број пораки со препораки и барања до идната влада, коишто се објавуваа на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

ДЕН НА ГРАЃАНСКИОТ ПРКОС

Почетокот на Шарената револуција е денот кој ќе остане запаметен во историјата како симбол на борбата против режимот и диктатурата на една власт која никогаш повторно не смее да му се случи на македонското општество. Овој датум е замислен како ден на кој ќе се сеќаваме на сите прогресивни граѓански иницијативи и кампањи, на граѓанските протести низ годините против недемократските политики и практики.

Со цел да ги одбележи сите граѓански протести за човекови права, слобода, правда и еднаквост, ЦИВИЛ во 2018 година започна иницијатива за одбележување на 12 април како Ден на граѓанскиот пркос. Иницијативата е доставена и до Собранието на РСМ, но таа најмногу се однесува на граѓанките и граѓаните, без оглед на тоа дали овој датум ќе биде прифатен и признаен од политичарите и институциите. Оваа иницијатива ја поддржа и претседателот Стево Пендаровски.

ДЕН НА МИРОТ

Меѓународниот ден на мирот, 21 септември, е посветен на борбата против омраза, предрасуди, насилство, национализам, култ кон оружјето и вооружени конфликти, како и на промоција на демократијата и на просперитетот за сите подеднакво.

На 19 септември 2013, ЦИВИЛ поднесе иницијатива до Собранието на Македонија, 21 Септември – Меѓународниот ден на мирот и 10 Декември – Меѓународниот ден на човековите права, да бидат прогласени за национални празници. Оваа година ЦИВИЛ започна и интензивна кампања во борба против говор на омраза и дела од омраза, повикувајќи ги сите засегнати страни во општеството за конструктивен дијалог и мирен и ненасилен начин на решавање на конфликтни ситуации поттикнати од различностите.

ЦИВИЛ апелира дека мирот, слободата, единството се вредности кои Северна Македонија ги има и треба секојдневно да ги вреднува и промовира. Токму затоа за постигнување и одржување на мирот се потребни сите чинители во општеството подеднакво да дадат свој придонес меѓусебно почитување и надминување на меѓусебните недоразбирања, за промовирање на човековите права и слободи и за подобрување на условите за живот во мир и достоинство.

ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Еден од клучните документи по кои се води ЦИВИЛ е Универзалната декларација за човекови права, усвоена од ОН во 1948 година, која произлезе од искуството во Втората светска војна и потребата за заштита на основните права на човекот насекаде во светот. Првиот член на Декларацијата „сите луѓе се раѓаат слободни и рамноправни во достоинството и правата“ ги гарантира правата и слободите на секој човек без оглед на неговата припадност или потекло.

Не случајно во областа на граѓанските и политички права ЦИВИЛ поведе иницијатива за прогласување на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, како Ден на човековите права во нашата земја кој нема само пригодно да се одбележува од граѓанските организации, туку ќе биде ден на промоција и отчет на институциите и политичките структури за нивните напори и активности за подобрување и промоција, како и активно делување во духот на почитувањето  на човековите права и слободи.

УКИНУВАЊЕ НА ПРИВИЛЕГИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ

Иницијатива за укинување на привилегиите на функционерите која ја поддржаа илјадници граѓани пред една година, на 17 мај 2019 година беше преточено во барања кои организацијата ги достави до Собранието и се однесува на укинувањето на привилегиите на поранешните и сегашните функционери. По конституирањето на Парламентот на 4 август, организацијата повторно ја актуелизише Иницијативата.

ПРАВО НА ГЛАС И ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО

Во областа на заштитата и остварувањето на гласачкото право, ЦИВИЛ ја поведе иницијативата „Гласај / Voto“ на социјалните мрежи, за да им даде поттик на граѓанките и граѓаните да го искористат своето право на глас и да излезат на гласање на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули. Изборите нѐ затекнаа во време на пандемија кога заштитата на јавното здравје е приоритет. Затоа, ЦИВИЛ повика на гласање, но и на максимално придржување кон мерките за заштита од коронавирусот на денот на гласањето. На иницијативата се преклучија и ја поддржаа познати јавни личности, граѓански активисти, актери, музичари, новинари ја препознаа важноста на правото на глас и зошто е потребна излезноста на 15 јули.

ЦИВИЛ ја согледува потребата од јакнење на јавната свест за правото на глас (Универзална декларација за човекови права, член 21) и спроведува долгорочни активности за граѓанска едукација за правото на глас и граѓанското учество.

ЗЕЛЕНИТЕ

Во рамки на проектот „Зелените доаѓаат“ ЦИВИЛ работи на прмоција и јакнење на свеста за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.  Преку концепти што ќе придонесат за нивно разбирање и нивната поврзаност,  не само од јавноста, туку и од носителите на одлуки и засегнатите страни, ЦИВИЛ го трасира патот на вистинско зелено движење кое ќе направи значителни промени во перцепцијата, но и делувањето во областите што ги опфаќаат зелените вредности, вклучително и решавање на клучните проблеми поврзани со заштита на животната средина, урбанизмот и одржливиот развој што ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на животот на граѓанките и граѓаните, нивната лична слобода, здравје, среќа и човечко достоинство.

ОБЕДИНЕТИ ВО РАЗЛИЧНОСТА

Иницијативата „Обединети во различноста“ на ЦИВИЛ ја нагласува цврстата определба на Организацијата да ги застапува и промовира човековите права и слободи, мултикултурата и европските вредности во македонското општество. Иницијативата започна кон средината на октомври, а по завршувањето на промотивните активности, Организацијата ќе продолжи со својата вообичаена динамика.

Бројни активисти, уметници, интелектуалци и јавни личности пишуваат, дизајнираат и говорат за различностите, мултикултурното општество и европските вредности. На медиумската платформа на ЦИВИЛ, како и на социјалните мрежи, се објавени преку 90 медиумски содржини.

Македонското општество е мултикултурно, мултиконфесионално и мултиетничко. Овој факт на реалноста ги претставува и убавината и големите потенцијали на земјата. И со овој проект, ЦИВИЛ испраќа силна порака против национализмот и ги повикува граѓанките и граѓаните да продолжат со поддршката на иднината на Северна Македонија во ЕУ.

Пораката е да бидеме ,,Обединети во различноста”. Да работиме за мир и просперитет и истовремено да го осознаеме богатството што произлегува од нашите различни култури, традиции и јазици.

*

ЦИВИЛ води и низа други иницијативи и проекти во кои граѓанското учество, не само што е добредојдено, туку и пресудно за јакнење на демократијата и човековите права и слободи во земјата.

Пријави!

Со оглед дека сите иницијативи на  ЦИВИЛ како контра аргумент секогаш ги имаат мотивите што придонесуваат за кршење на човековите права и слободи во најширока смисла на зборот, говорот на омразата, лажните вести и случаите на корупција, на едно место граѓанките и граѓаните ќе можат да пријавуваат и да алармираат за истите и во самиот процес да останат анонимни.

Доволно е да се отвори веб страницата Граѓански објектив посветена на активизмот, граѓанското новинарство, човековите права, транспарентноста и одговорноста, во рубриката ПРИЈАВИ и да се одбере потребниот формулар. За да се олесни комуникацијата, во случај пријавувачите да се двоумат која пријава да ја одберат, доволно е да го отворат формуларот ЧОВЕКОВИ ПРАВА и да ги внесат податоците во категоријата „Друго“. Причината за тоа е едноставна, сите облици на повреда и злоупотреби се дел од темите во корпусот на човековите права и слободи.

Б. Ј. 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ