• Latest

Резников: Путин спроведува вистински чин на геноцид врз Украина

March 8, 2022
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Резников: Путин спроведува вистински чин на геноцид врз Украина

На Кремљ му е апсолутно сеедно за вашите обиди за разговор. Тој не е загрижен за ООН, ПССЕ или која било друга институција каде што се обидувате да го одржите неговото присуство. Руските војници се однесуваат како терористи и кукавици. За 11 дена руските окупатори уништија повеќе од 200 украински училишта, 34 болници и повеќе од 1.500 станбени згради.

March 8, 2022 14:15
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Веќе е утврдено дека руски војници убиле 38 украински деца, а раниле повеќе од 70. Севкупно, потврдени се податоци за повеќе од 400 убиени и повеќе од 800 ранети цивили. Овие податоци сигурно се нецелосни. Сепак, непријателот организираше вистински чин на геноцид врз Украина. Само во Мариупол, 400.000 Украинци се земени како заложници. Постојано се гранатирани од авиони, млазна артилерија, ракети“, изјави Министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников.

Изјавата на Резников Ви ја пренесуваме интегрално:

„Здраво на сите.

Денес не им се обраќам само на лидерите на слободниот свет. А, исто така, и на жителите на сите земји во светот.

Пред две недели светот се промени. Сè е променето, иако сè уште не се сите свесни за тоа.

Русија отворено ја нападна Украина. Пред осум години на Крим и Донбас тие рекоа: „Нив таму ги нема“. Кремљ сега демонстративно води војна против мојот народ. Ова се случува во срцето на Европа.

Ракетите летаат на стотици километри. И ги погодуваат мирните градови. Денес тое се нашите градови. Утре може да биде било чии. Вашите.

Не влијаеја никакви предупредувања, обиди за дијалог или загриженост. Никакви меѓународни правила и механизми.

На Кремљ му е апсолутно сеедно за вашите обиди за разговор. Тој не е загрижен за ООН, ПССЕ или која било друга институција каде што се обидувате да го одржите неговото присуство.

Руските војници се однесуваат како терористи и кукавици.

За 11 дена руските окупатори уништија повеќе од 200 украински училишта, 34 болници и повеќе од 1.500 станбени згради.

Веќе е утврдено дека руски војници убиле 38 украински деца, а раниле повеќе од 70. Севкупно, потврдени се податоци за повеќе од 400 убиени и повеќе од 800 ранети цивили. Овие податоци сигурно се нецелосни. Сепак, непријателот организираше вистински чин на геноцид врз Украина. Само во Мариупол 400.000 Украинци се земени како заложници. Постојано се гранатирани од авиони, млазна артилерија, ракети.

Руските интервенционисти ги гранатираат хуманитарните коридори низ кои цивилите се обидуваат да се спасат. Ги убиваат оние на кои им ветиле дека ќе ги пропуштат. Тие ги убиваат оние кои се обидуваат да ги спасат заложниците на терористите од повреди или гладување. Ова се воени злосторства, ова е страшна тага за Украина.

Но, сакам да ве потсетам дека руски војници убиваат луѓе на една европска земја.

Каде се вашите вредности и идеали?

Каде е работата на меѓународните организации на кои се трошат милијарди долари? Каде се ООН, Црвениот крст, ОБСЕ?

Тие се сокрија.

Би сакал да го свртам вашето внимание на фактот дека денес околу 10.000 студенти од други земји што се наоѓаат во Украина се цел на терористите на Путин. Повеќе од 2.000 од нив веќе се земени како заложници од руски војници. Многумина од Индија, Кина, Турција, земјите од Персискиот залив.

Младите луѓе се наоѓаат во градовите блокирани од руските трупи – Чернигив, Суми, Херсон, Мариупол. Русите ги гранатираат овие градови. Тие всушност се во војна со целиот свет. Дури и со оние кои се обидуваат да останат неутрални. Нема да им успее. Злото не дејствува селективно.

Да ве потсетам дека Украина беше и е дом на претставници на повеќе од 100 нации. Секогаш сме живееле во мир. Имаме многу мешани бракови во кои се родиле прекрасни деца. А овие деца сега ги убиваат окупаторите.

Окупаторите држат новинари како заложници: во моментов се знае за британски државјани во градот Стојанка-2. Тие пукале врз група и раниле уште еден новинар, британски државјанин. Новинар, државјанин на Швајцарија бил застрелан и ограбен од окупатори во Миколајивксата област. За жал, вие сè уште им дозволувате на окупаторите да го прават тоа.

Денес сакам да ви кажам една работа – не плашете се. Не плашете се! Како не се плашиме ние.

За 11 дена Украина целосно го уништи митот за воената моќ на Русија. За 11 дена, украинските војници веќе убија повеќе од 11.000 руски војници. Ова е повеќе отколку во двете чеченски војни кои траеја 6 години.

По уште неколку дена, руските загуби на убиени и ранети, ќе ги надминат загубите од 10-годишната војна во Авганистан.

Веќе уништивме 300 тенкови и илјада оклопни возила. Повеќе од 40 авиони и речиси 70 хеликоптери. Русија загуби стотици елитни падобранци и борци од специјалните сили. Кои ги плашат Африка, Блискиот Исток. Но не и Украина.

Ние ги уништуваме, како и сите други терористи кои ги покриваат нашите градови со ракети. Кои пукаат во деца.

Не плашете се! Како што не се плашат нашите млади момци и девојки кои го спречуваат непријателот. Како што не се плашат нашите земјоделци кои запленуваат непријателски оклопни возила. Како што не се исплаши вработениот на поштенската компанија кој го собори рускиот авион од MANPADS (Преносен противвоздушен ракетен систем).

Денес, Европа има шанса да победи тиранин кој со децении ги заплашува сите.

За ова е неопходно Украина да издржи.

Русија нема да може да не порази во отворена битка. Нема да може да не заплаши со криминални гранатирања на нашите градови.

За да победиме, потребна ни е помош – затворено небо и оружје. Ќе се заштитиме и себеси и вас. Ние не се плашиме од Русите. Тие бегаат, а стотици се предаваат во плен.

Покрај оружјето, секојдневно се поставува прашањето за општа издржливост.

Ни требаат ресурси за да ја облечеме нашата армија, да го нахраниме нашиот народ. За брзо обновување на уништеното.

Треба да го зголемите притисокот врз Русија. И врз сите што добиваат пари во Москва. Затоа што тие ќе донесат војна во вашиот дом.

Светот се промени. Мора многу брзо да донесувате одлуки. Сепак, има војна во Европа. Кремљ може да запали нови пожари.

Ние посекако ќе се бориме и ќе победиме. Целиот украински народ ќе пружа отпор. Но, вашата помош ќе спаси животи. Вклучувајќи ги – животите на вашите деца и роднини. Секој ден од војната носи десетици смртни случаи на цивили. Европејци.

Им благодарам на сите кои веќе помагаат.

Ги повикувам сите да покажат дека слободниот свет не се плаши од ниту еден тиранин кој се крие во бункер“, истакна Резников.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ