• Latest
Mинистерот за одбрана на Украина Олекси Резников

Резников: Украина се бори за целиот свет

March 6, 2022

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Резников: Украина се бори за целиот свет

March 6, 2022 11:16
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Mинистерот за одбрана на Украина Олекси Резников

Mинистерот за одбрана на Украина Олекси Резников

Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваме да му даваме отпор на непријателот. Руските окупатори не можеа да не уништат, не можеа да не скршат. И нема да можат! Вооружените сили на Украина, територијалната одбрана, секој волонтер, секој граѓанин на Украина продолжува да ја брани нашата земја, нашите животи.
Ја поставивме економијата на земјата на воена основа, изјави Министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников
„Фабриките продолжуваат да работат, исполнуваат воени нарачки, поправаат опрема, воените трофеи ги претвораат во оружје. За да се бори земјата мора да работи, секој на свое место. Ако бевте приморани да се евакуирате – најдете работа на ново место – вашата помош е потребна насекаде.
Состојбата на позициите е под контрола. Да, имаме и ние загуби. Но, секое име, секој наш Херој нема да биде заборавен. Исто како што нема да биде заборавен секој убиец. Ја разбираме вредноста на животот и вредноста на слободата. Животот на секој Украинец е бесценет!
Во одредени правци нашите војници вршат контранапад, непријателот губи десетици единици техника, само ја фрла и бега. Пополнувајќи го на тој начин нашиот „парк“ со техника. Непријателот ќе умре од сопственото оружје, рече Олексиј Резников.
Кремљ сè уште не сака да го прифати и признае неговото фијаско. Но, тоа време се наближува.
Расте незадоволството и деморализацијата кај окупаторските сили. И кај нив доаѓа просветлување, како и кај некои руски олигарси.
Има сè повеќе случаи на неподготвеност за војување.
Непријателот продолжува да трпи значителни загуби. Уништени се повеќе од 90 авиони и хеликоптери. Тие се соборени од противвоздушната одбрана, морнарицата, нашите киборзи низ целата земја. Заробени се неколку непријателски пилоти – ова се важни сведоци на идниот воен трибунал. Додека некој се плаши да го затвори небото над Украина, нашата армија си ја врши работата и го уништува непријателот.
Најспособните единици на непријателот беа поразени: непријателот беше запрен во Кијив и Харкив. Кај Миколаев е одвратен. Одеса е нашиот стратешки резерват. Надополнувањето на силите на непријателот ќе станува сè потешко, квалитетот на надополнувањето ќе биде уште понизок.
Кремљ конечно ги отфрли обидите да ги скрие своите намери – тие дојдоа да ја уништат нашата земја, да го уништат нашиот народ. Нема да успеат.
Тие водат војна со жени и деца. Тие не ги победија војниците што го бранеа Харкив – започнаа војна со Универзитетот во Харкив. Русите се обични терористи. И терористите ќе бидат уништени.
Непријателот дава отпор, но ние правиме се што е можно за да ги обезбедиме хуманитарните коридори, да го извадиме нашиот народ од гранатирањето и да обезбедиме хуманитарна помош. Нема да оставиме никого и ќе се вратиме многу брзо“, изјави Министерот за одбрана на Украина, Резников.
„Денес, Украина продолжува да се залага за слободата на светот: Украинските деца и жени ги спасуваат вашите деца и жени по цена на нивните животи додека вие се двоумите да го затворите небото. Нашите мажи ги спасуваат вашите по цена на нивниот живот. Додека вие се плашите да го затворите небото. Одамна престанавме да се плашиме од вештачки создадената слика на „Голема Русија“. И целиот свет мора да престане!
Се бориме со сите сили. Победата е близу! Победата, како и вистината, е со нас!
Слава на Украина!“ – заврши Резников.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ