Републичкиот Штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ова тело е формирано со цел демократизација, модернизација и европеизација на партијата. „Во таа насока, во целост го поддржуваме процесот на изменување и дополнување на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ во насока на негова демократизација. Сигурни сме дека истиот процес ќе даде дополнителна вредност на ВМРО-ДПМНЕ.“ – се вели во соопштението.
Републичкиот Штаб ја информира јавноста дека се формира работна група во состав Петар Богојески, Илија Илијовски, Драган Лазаров и Александар Стојчевски, кои ќе ги презентираат аргументите и предлозите во таа насока. „Во процесот ќе се направи детална анализа на статути и други слични акти на сестрински партии, членки на Европската народна партија, за што поголемо приближување до европските стандарди“ – велат Реформаторите.
М. Л.