• Latest

Референдум: Извештај на ЦИВИЛ во 15:30 часот

June 11, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Референдум: Извештај на ЦИВИЛ во 15:30 часот

June 11, 2017 14:30
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ продолжува да набљудува и известува од референдумот во Богданци. Набљудувачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода известуваат за следната состојба на сите 12 избирачки места (ИМ) во 15,15 часот: излезени се 2,686 гласачи или е 38,9% проценти од запишаните гласачи.

Во ИМ 0375 – 41%, ИМ 0372 – 43%, ИМ 0371 – 32%, ИМ 0371/1 – 34% и ИМ 0373 – 47%.

Досега ЦИВИЛ бележи десетина случаи на граѓанки и граѓани кои не можат да се најдат на Избирачкиот список.

Набљудувачите на ЦИВИЛ дознаваат дека во текот на вчерашниот ден, повеќе граѓанки и граѓани на Општина Богданци добиле повици од активисти на одредена политичка партија, да не излезат на денешното референдумско изјаснување, или да се изјаснат во полза на отворање рудници, односно, за продолжување на работата на рудникот Казандол.

Иако иницијативата „Спас за Богданци“ е поддржана од Советот на Општината односно, од сите партии, како и од организациите на граѓанското општество, сепак, притисоците против успехот на референдумот се евидентни, со што станува очигледно дека партиските структури на локално и централно ниво имаат различни позиции по ова прашање.

ЦИВИЛ е единствената национална, независна организација која го набљудува референдумот во Богданци.

За повеќе информации за текот на референдумското изјаснување, раководството на ЦИВИЛ, кое е на терен, стои на располагање на сите медиуми.

Граѓанките и граѓаните можат да пријават нерегуларности или да побараат информации за своите гласачки права на дежурните телефони 078 – 746 138 и 075 – 389 698. На располагање е и веб-страницата Слободни избори за пријава на изборни нерегуларности. Во оваа прилика, ЦИВИЛ ги потсетува граѓанките и граѓаните дека неодамна објави и онлајн Пријава на политички притисоци, мобинг и дискриминација.

Следниот извештај е во 19 часот.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БогданциКазандолреферендумрудници
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result