• Latest

Ристевска Јорданова: Потребна е добра волја за остварување на договорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија

August 1, 2021
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ристевска Јорданова: Потребна е добра волја за остварување на договорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија

August 1, 2021 08:35
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика (ЕПИ), на прашање од МИА за тоа каков е впечатокот четири години подоцна и дали можеше да се постигне подобар договор помеѓу Северна Македонија и Бугарија, со оглед на денешната ситуација, вели дека тоа сега не е главното прашање, туку сега е важно остварување на овој Договор во добра волја.

-По војната е лесно да се биде генерал. Секако дека отпосле може да се каже дека можело да се постигне подобар договор. Меѓутоа, тоа не е сега основното прашање. Основното прашање е остварувањето на Договорот во добра волја, што е клучно за секој меѓународен договор. Она што ние сега го гледаме е дека Договорот не се остварува во добра волја, со самото тоа што Бугарија го злоупотреби за блокада на отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Македонија, вели таа.

Ристевска-Јорданова, во однос на тоа дали Договорот е навистина основата да се постигне решение за билатералното прашање, оценува дека Договорот е инструмент за наметнување на бугарско решение на наметнатото прашање.

– Досега не сум видела дефиниција или попрецизно определување на „билатералното прашање“. „Билатералното прашање“ е наметнато од бугарска страна, а бугарското толкување на Договорот е инструментот за наметнување на бугарско решение за наметнатото прашање, и тоа низ евроинтегративниот процес. Во моментов Договорот е претворен во негов антипод – инструмент за негирање на идентитетот на рамноправна потписничка на Договорот, оценува таа.

Во врска со последните дебати за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, Ристевска Јорданова посочува дека проблемот е што нема дебата ниту став заснован на дебата, туку само став на премиерот.

– Во нашата држава имаше научни дебати, издадени се и публикации околу промените што ќе бидат неопходни во Уставот при пристапувањето во ЕУ, при што беа проучени најдобрите практики и примери. Не се сеќавам дека имаше ваков предлог. Ова е дотолку попроблематично што вакво барање нема во Рамковната позиција на Бугарија за отворањето на преговорите со Македонија. Ставот уште повеќе иритира кога ќе се има предвид дека Бугарија не ги спроведува ни одлуките на Европскиот суд на човековите права кои се однесуваат на слободно здружување на македонското национално малцинство во Бугарија, рече таа.

Ристевска-Јорданова оценува дека за сите барања што доаѓаат од бугарска страна потребна е многу поголема внимателност, а властите мора да ги консултираат институциите, научната и пошироката јавност и да заземат став во постапка согласно нашите закони, а нејзините претставници да се воздржат од давање избрзани изјави кои може да имаат далекусежни последици.

– Во контекст на билатералниот договор со Бугарија, секако треба да се консултира и македонскиот дел од Мешовитата комисија за историски и образовни прашања која има најдобра слика за целината на бугарските барања во врска со Договорот (а бугарските барања се однесуваат главно на овие прашања, нема посебен интерес за другите делови од Договорот). Нашиот дел од Комисијата досега покажа капацитет на европски начин да се справува со задачата што воопшто не ѝ е лесна, вели таа.

За очекувањата од новата бугарска влада и дали може да се направи пробив годинава, и со тоа да се одржи првата меѓувладина конференција, Ристевска-Јорданова вели дека не можеме да имаме поголеми очекувања со оглед на поделените резултати од изборите и фактот дека повеќето од партиите го повторуваат веќе познатиот став.

– Бугарската политичка криза ќе трае и ние не треба да впливуваме во нивната матна вода. Треба да се концентрираме на консолидација и заврстување на нашата позиција, натамошно лобирање со државите членки на ЕУ и домашната агенда, рече таа.

Според неа, погрешно е да се концентрираме само на првата меѓувладина конференција.

– Таа е битна затоа што на неа би се претставила Преговарачката рамка – значи дека претходно треба да биде усвоена, односно Бугарија да се согласи со сега предложениот текст. Ништо друго досега не се случувало на оваа конференција. Меѓутоа, според португалскиот предлог, во нашиот случај се додаваат повеќе изјави со кои се настојува да се задоволи бугарската страна, за да се согласи за усвојување на Преговарачката рамка, а со нив веќе се релативизира содржината на предложениот документ, вели таа.

Ристевска-Јорданова потсетува дека бугарската страна во Рамковната позиција има барања кои се однесуваат и на Втората меѓувладина конференција, која досега беше фактички почеток на преговорите. Значи, истакнува таа, треба да се имаат предвид сите бугарски барања од Позицијата зашто тие претставуваат меѓусебно поврзана конструкција и целина која во суштина го негира македонскиот идентитет.

-И конечно – да потсетиме дека и досега, но особено со новата Методологија, преговорите за пристапување во ЕУ се исполнување на сѐ потешките и посложени услови поставени од ЕУ, одошто преговори во класична смисла. Ако се дозволи условеноста во пристапувањето да се претвори во наметнување на услови од страна на држава членка надвор од поставената рамка и спротивно на вредностите на ЕУ, тоа ќе го направи преговарачкиот процес апсурден и ќе има лоши долгорочни последици за нас, заклучува Ристевска-Јорданова.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ