Ристо Пенов е новиот министер за локална самоуправа.
Собранието денеска го избра поранешниот скопски градоначалник Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа. „За“ изборот на Пенов гласаа 63-ца пратеници, а 30 беа „против“
Пенов на местото министер за локална самоуправа доаѓа откако неговиот сопартиец од ЛДП, Горан Милевски поднесе оставка на 20 септември „од лични причини“.
Веднаш по гласањето, Ристо Пенов даде свечената изјава како нов министер за локална самоуправа.
Дискусијата за предлогот на Владата траеше три работни дена. Во текот на расправата, премиерот Ковачевски посочи дека Владата со Пенов како министер за локална самоуправа ќе направи многу повеќе во стратегиските политики на локално и централно ниво.
Опозицијата реагираа со критика дека власта прави дефокус со предлог за нов министер наместо да понуди решенија за кризата, а конкретно за Пенов од партијата посочија дека не веруваат оти е добро решени
Пенов се враќа во политиката по една деценија. Бил градоначалник на Скопје, пратеник и претседател на ЛДП.