ВЕСТ НА ДЕНОТ
Ристо Пенов предлог на Ковачевски за нов министер за локална самоуправа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, на седницата во Собранието на Република Северна Македонија, за избор на член на Владата на Република Северна Македонија, го претстави предлогот: Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа.
Претседателот на Владата, Ковачевски, го нагласи значењето на реализацијата на евроинтеграциите како стратешката цел на државата, во којашто, како што рече, ќе се вклучи и Ристо Пенов кој има, исто така, јасни европски определби.
Ковачевски: Пенов е одличен предлог за министер за локална самоуправа што ќе ја зајакне Владата
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Белов: Ако некој не ја разбира опасноста од сервирање на лагата во јавност тука ништо не може да направиме
Одговорноста на новинарската професија, регулативите, донесување на правни механизми за заштита на медимските работници, борбата со лажни вести, беа дел од темите на разговорот со Павле Белов, претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).
ВОЈНА ВО УКРАИНА
„Ви благодарам на сите. Ви благодариме што ги поддржувате Украина и Крим. Нашите заеднички вредности не обединија на последниот самит. Тоа недостасуваше во 2014 година, кога Русија ја започна својата луда агресија. И по речиси осум години, сите земји ги чувствуваат последиците на таа агресија. Сите тие страдаат, светот губи. Причина за сето ова е окупацијата на Крим во 2014 година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето преку видео врска на Кримскиот самит во Загреб.
Украинското знаме повторно ќе се вее на Крим – Зеленски на Кримската платформа во Загреб
Вооружените сили на Украина синоќа уништија база на таканаречените „луѓе на Кадиров“, кои се евакуираа на левиот брег на реките Днипро во регионот Херсон, изјави членот на Регионалниот совет на Керсон, Серхиј Клан на Фејсбук.
Уништена база на „Кадировци“ во регионот Херсон откако самите си ја открија локацијата на TikTok
Руските сили ги зацврстуваат одбранбените позиции на левиот брег на реката Днипро во регионот Херсон, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина во своето оперативно ажурирање заклучно со 06:00 часот, 25 октомври, кое што беше објавено на Фејсбук.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и американскиот државен секретар Антони Блинкен разговараа за развојот на настаните поврзани со агресијата на Руската Федерација, како и за изјавите на Москва за можна употреба на „валкана бомба“ на територијата на Украина.
ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Преку „клоцање“ соседна дипломатка, до проблематизирање на „Отворен Балкан“
Во текот на вчерашниот ден и денеска, во неколку македонски, српски и косовски медиуми се пласира содржина во која се вели дека при посетата на косовската министерка за надворешни работи, Доника Гервала кај поранешниот македонски премиер, Зоран Заев, таа му се заканила дека доколку не се откаже од иницијативата „Отворен Балкан“, тој ќе има работа со неа. По нејзините закани, Заев наводно побарал од неа да го напушти кабинетот.
https://civilmedia.mk/preku-klotsane-sosedna-diplomatka-do-problematizirane-na-otvoren-balkan/
ФЛЕШ ВЕСТИ
ДЕБАТА Во организација на Центарот за граѓанско образование од Подгорица се одржува дебата на тема: „Регионални иницијативи во Западен Балкан – шанси и стапици?“ На дебатата учествуваат: Гордана Ѓуровиќ од Црногорска паневропска унија, Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Драшко Ачимовиќ, Демуш Саша, Балша Божовиќ и Алба Цела.
(ВО ЖИВО) Регионални иницијативи во Западен Балкан – шанси и стапици?
СРЕДБА Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Полска, денеска во Варшава оствари средба со премиерот на Република Полска, Матеуж Моравјецки, информираат од претседателскиот кабинет.
Средба на претседателот Пендаровски со премиерот на Република Полска, Матеуж Моравјецки
НАБАВКА АД ЕСМ од „Макпетрол“ ќе ги набави неопходните количини на природен гас за работа на топланите во ноември. Како што информираат од компанијата, на тендерот за набавка на гас добиле официјална понуда само од Макпетрол поради што се одлучиле гас за ноември да набават од македонската компанија.
ПОСЕТА Премиерот Димитар Ковачевски заедно со владина делегација составена од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши, утре, на платото пред Владата, ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лејен.
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ Министерот за правда Никола Тупанчески, во своето обраќање по повод Европскиот ден на правдата и две години од одбележувањето на кампањата за подигање на свеста за бесплатна правна помош ,се осврна на активностите кои ги презема Министерството за правда за да им се овозможи на лицата кои живеат во сиромаштија да не им е ограничено уживањето и заштитата на нивните права, како резултат на непремостливи пречки во системскиот пристап до правдата.
СЛОБОДНА ЗОНА
Војо Маневски во колумната „Автентичност“ вели: „Имам свое мислење, ама не се согласувам со него….. додека не го усогласам“. Луцидноста во кратки реченици е одлика на висока интелигенција, а тоа многупати досега се потврдило заклучувам, читајќи што напишал мојот пријател Димитров, анализирајќи еден мој текст. На ова тешко може да се додаде нешто, освен да се започне со пишување на друг текст кој е испровоциран со процесот на донесување одлуки во сите нивоа на власт кај нас. Секако правото на донесување на одлуки е овозможено со закони и други правни акти, ама последиците од одлуките ги живеат сите во заедницата. За да се усогласат мислењата најдобро е да се спротивстават разни мислења, па да се пуштат во не често омилениот процес на усогласување“.
Б. Јордановска












