• Latest

Ристо Пенов предлог за министер за локална самоуправа, медиумската работа потпросечно платена, уништена базата на „Кадировци“ во Херсон

October 25, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Ристо Пенов предлог за министер за локална самоуправа, медиумската работа потпросечно платена, уништена базата на „Кадировци“ во Херсон

October 25, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Ристо Пенов предлог на Ковачевски за нов министер за локална самоуправа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, на седницата во Собранието на Република Северна Македонија, за избор на член на Владата на Република Северна Македонија, го претстави предлогот: Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа.

Претседателот на Владата, Ковачевски, го нагласи значењето на реализацијата на евроинтеграциите како стратешката цел на државата, во којашто, како што рече, ќе се вклучи и Ристо Пенов кој има, исто така, јасни европски определби.

Ковачевски: Пенов е одличен предлог за министер за локална самоуправа што ќе ја зајакне Владата

 

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Белов: Ако некој не ја разбира опасноста од сервирање на лагата во јавност тука ништо не може да направиме

Одговорноста на новинарската професија, регулативите, донесување на правни механизми за заштита на медимските работници, борбата со лажни вести, беа дел од темите на разговорот со Павле Белов, претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

 

ВОЈНА ВО УКРАИНА

„Ви благодарам на сите. Ви благодариме што ги поддржувате Украина и Крим. Нашите заеднички вредности не обединија на последниот самит. Тоа недостасуваше во 2014 година, кога Русија ја започна својата луда агресија. И по речиси осум години, сите земји ги чувствуваат последиците на таа агресија. Сите тие страдаат, светот губи. Причина за сето ова е окупацијата на Крим во 2014 година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето преку видео врска на Кримскиот самит во Загреб.

Украинското знаме повторно ќе се вее на Крим – Зеленски на Кримската платформа во Загреб

Вооружените сили на Украина синоќа уништија база на таканаречените „луѓе на Кадиров“, кои се евакуираа на левиот брег на реките Днипро во регионот Херсон, изјави членот на Регионалниот совет на Керсон, Серхиј Клан на Фејсбук.

Уништена база на „Кадировци“ во регионот Херсон откако самите си ја открија локацијата на TikTok

Руските сили ги зацврстуваат одбранбените позиции на левиот брег на реката Днипро во регионот Херсон, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина во своето оперативно ажурирање заклучно со 06:00 часот, 25 октомври, кое што беше објавено на Фејсбук.

Руските окупатори ги зајакнуваат одбранбените позиции на левиот брег на реката Днипро во регионот Херсон во обид да ги задржат окупираните територии

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и американскиот државен секретар Антони Блинкен разговараа за развојот на настаните поврзани со агресијата на Руската Федерација, како и за изјавите на Москва за можна употреба на „валкана бомба“ на територијата на Украина.

Кулеба – Блинкен: САД ја следат реториката на Москва за можна употреба на „валкана бомба“ во Украина, не се забележани знаци за такви подготовки

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Преку „клоцање“ соседна дипломатка, до проблематизирање на „Отворен Балкан“

Во текот на вчерашниот ден и денеска, во неколку македонски, српски и косовски медиуми се пласира содржина во која се вели дека при посетата на косовската министерка за надворешни работи, Доника Гервала кај поранешниот македонски премиер, Зоран Заев, таа му се заканила дека доколку не се откаже од иницијативата „Отворен Балкан“, тој ќе има работа со неа. По нејзините закани, Заев наводно побарал од неа да го напушти кабинетот.

https://civilmedia.mk/preku-klotsane-sosedna-diplomatka-do-problematizirane-na-otvoren-balkan/

ФЛЕШ ВЕСТИ

ДЕБАТА Во организација на Центарот за граѓанско образование од Подгорица се одржува дебата на тема: „Регионални иницијативи во Западен Балкан – шанси и стапици?“ На дебатата учествуваат: Гордана Ѓуровиќ од Црногорска паневропска унија, Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Драшко Ачимовиќ, Демуш Саша, Балша Божовиќ и Алба Цела.

(ВО ЖИВО) Регионални иницијативи во Западен Балкан – шанси и стапици?

СРЕДБА Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Полска, денеска во Варшава оствари средба со премиерот на Република Полска, Матеуж Моравјецки, информираат од претседателскиот кабинет.

Средба на претседателот Пендаровски со премиерот на Република Полска, Матеуж Моравјецки

НАБАВКА АД ЕСМ од „Макпетрол“ ќе ги набави неопходните количини на природен гас за работа на топланите во ноември. Како што информираат од компанијата, на тендерот за набавка на гас добиле официјална понуда само од Макпетрол поради што се одлучиле гас за ноември да набават од македонската компанија.

ЕСМ ќе набави природен гас од „Макпетрол“

ПОСЕТА Премиерот Димитар Ковачевски заедно со владина делегација составена од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши, утре, на платото пред Владата, ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лејен.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, утре од Скопје ќе ја започне балканската турнеја посветена на енергетската криза

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ Министерот за правда Никола Тупанчески, во своето обраќање по повод Европскиот ден на правдата и две години од одбележувањето на кампањата за подигање на свеста за бесплатна правна помош ,се осврна на активностите кои ги презема Министерството за правда за да им се овозможи на лицата кои живеат во сиромаштија да не им е ограничено уживањето и заштитата на нивните права, како резултат на непремостливи пречки во системскиот пристап до правдата.

Тупанчески на Европскиот ден на правдата: За 299% е зголемен бројот на граѓани кои примиле примарна правна помош во споредба со 2019 година

 

СЛОБОДНА ЗОНА

Војо Маневски во колумната „Автентичност“  вели: „Имам свое мислење, ама не се согласувам со него….. додека не го усогласам“. Луцидноста во кратки реченици е одлика на висока интелигенција, а тоа многупати досега се потврдило заклучувам, читајќи што напишал мојот пријател Димитров, анализирајќи еден мој текст. На ова тешко може да се додаде нешто, освен да се започне со пишување на друг текст кој е испровоциран со процесот на донесување одлуки во сите нивоа на власт кај нас. Секако правото на донесување на одлуки е овозможено со закони и други правни акти, ама последиците од одлуките ги живеат сите во заедницата. За да се усогласат мислењата најдобро е да се спротивстават разни мислења, па да се пуштат во не често омилениот процес на усогласување“.

Автентичност

Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ