-Сметаме дека мерката куќен притвор не е доволна, предлагаме ефективен притвор, рече обвинителката Ленче Ристоска по објавувањето на пресудита за обвинетите во „Таргет – Тврдина“.
-Најнапред, во текот на вчерашниот ден обезбедени се известувања од МВР и тоа од надлежната полициска станица за обезбедување на мерката… МВР не поседува технички можности, опрема за 24 часовен и електронски надзор за почитување на мерка куќен притвор. Дополнително, од страна на обвинителствоти преку Еуропол обезбедени се податоци дека Мијалков има дозволен престој и регистриран на адреса во Прага каде има и регистрирани две возила, а особено предлагам да се истакне и фактот дека се работи за човек кој што е добро ситуиран, поседува приватни бизниси, членови на негово семејство исто така поседува, и сето тоа му дава услови истиот да организира… И може да живее во бегство, рече Ристоска.