Со каква леснотија премиерот кажал дека тешко дека ќе се најдат средства за покачување на платите без да формира заедничка работна група од редовите на власта и синдикатите за анализи на расходите. Постојат логички начини за формирање на маса на буџетски средства за да се зголемат платите, спроред новиот минималец и коефициентите од колективните договори на гранковите синдикати.
(1) Ако се затворат 2 непотребно формирани државни универзитети (АП и МТ) и им се ускрати задоволството на партиски усти за нивно „автономно” управување (ректорување) и овие се анектираат кон УКИМ и ДУТ, напиша на Фејсбук универзитетската професорка, Мимоза Ристова.
(2) Програмите за финансиска поддршка за студирање додипломски студии на првите 100 универзитети, најпогодни за децата на политичарите (пошто вистинските таленти сами си наоѓаат стипендии), се формирани без никаков основ и не се стриктно наменети за дефицитарни професии. Повеќето од овие дипломирани не добиваат државна служба и си заминуваат од земјата. Овие веднаш треба да се укинат. Потребни се стипендии за постдипломски, но само за таленти кои ќе студираат од дефицитарните струки и ќе донесат ново знаење во државните институции и универзитети.
(3) Ако се намалат трошоците за учебници (децата и онака спонтано се прешалтаа на дигиталните медиуми).
(4) Ако се вложи во енергетска ефикасност, економизација на простор и притоа се намалат сметките за струја и греење во државните училишта и универзитети.
(5) Мал милион други заштеди што се прават со стручни анализи на трошоците на буџетските средства од страна на паметни и чесни глави.