Реакцијата на СДСМ по обраќањето на претседателот Иванов, на прес-конференција ја пренесе Фросина Ташевска-Ременски.
Изјавата на Иванов за поддршка на барањата на граѓаните што протестираат против судските процеси поврзани со 27 април, предизвика негодување и бурна реакција кај пратеничкото мнозинство.
https://www.facebook.com/civil.mk/videos/1508930975892033/
Ремески го оцени обраќањето на Иванов како срамен говор. Таа изрази жалење што и од говорот на Иванов се слушаше десетгодишната реторика на ВМРО-ДПМНЕ.
„Десет години претседателот Ѓорѓи Иванов не крена глас за ништо во оваа држава. Ниту за длабоката партизација на јавната администрација, ниту за политичко полициски судски монтираните нарачувани процеси, ниту за прогонот на политичките неистомисленици, ниту за индексот и растот на корупцијата, не ги коментираше масовните грабежи на народни пари, еколошките проблеми, ниту настаните од црниот понеделник, а најмалку ги толкуваше нарачаните обиди за убиство во Собранието на РМ во април годинава и одговорноста на оние кои тој ги нарекува причинители, за оние за коишто се иззема самиот како дел од нив…“, изјави Ременски.
Биљана Јордановска