Акцијата за бојкотирање на наставата на 20ти декември, ги повикува сите родители да се приклучат и да не ги пуштат своите деца во училиште тој ден, во знак на протест против големото загадување во Скопје, и акцијата има за цел да покаже дека борбата против загаденоста е премногу важна.
„За важноста на справување со загадувањето, како најголем и најопасен проблем потсетуваме веќе 4 години. Досега се обидовме со чести собири за искажување на назадоволството од непсравувањето со ниедна точка од овој комплексен проблем, да ги потестиме службениците да си ја сработат работата за која се нафатиле да ја сработат, а за што добиваат плата од наши пари. Бидејќи досегашните форми на протест не вродија со никаков плод, отсега го менуваме начинот на искажување револт“, апелираат родителите на социјалните мрежи.
Исто така, секој граѓанин може да даде поддршка на овој бојкот на наставата со помош на хаштагот #БојкотирамНастава.
Иницијаторите на акцијата, на настанот на социјалните мрежи додаваат:
„Со ова ќе укажеме дека проблемот не само што не е решен, туку и нема никакви најави дека ќе се реши, а уште помалку и дека било каква мерка ќе се спроведе. А ние, најмалку нашите деца и постари, немаат уште една година. Затоа, ширете ја информацијава, постирајте слики со ваши пораки и на 20 декември останете дома и поминете едно претпладне со вашите деца“.
А.П.