• Latest
epa09444881 Afghan women hold placards as they demand Taliban to protect their rights in Kabul, .  EPA-EFE/STRINGER

Родовите злосторства на талибанците против човештвото

August 16, 2023
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Родовите злосторства на талибанците против човештвото

Дури и под зголемена репресија од страна на талибанскиот режим, многу авганистански жени и девојчиња остануваат пркосни, посетувајќи тајни школи и барајќи високо образование на интернет. Трагично, пак, глобалната поддршка за нивната кауза е недоволна, особено кога се работи за мобилизирање на ефикасни правни одговори.

August 16, 2023 08:37
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
epa09444881 Afghan women hold placards as they demand Taliban to protect their rights in Kabul, .  EPA-EFE/STRINGER

epa09444881 Afghan women hold placards as they demand Taliban to protect their rights in Kabul, . EPA-EFE/STRINGER

Share on FacebookShare on Twitter

ГОРДОН БРАУН / Project Syndicate

Родовото прогонување претставува сериозно злосторство против човештвото. Воспоставувајќи родов апартхејд со тоа што им се негира пристапот до образование на девојчињата и жените, многу членови на талибанскиот режим во Авганистан можат и треба да сносат одговорност според Римскиот статут  на Меѓународниот кривичен суд.

На втората годишнина од повторно освојување на талибанците, главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд треба да преземе правни дејства против поединците одговорни за невидените, грозоморни и одмазднички злоупотреби на човековите права систематски и злобно наметнати врз девојчињата денес. Доколку се дозволи да продолжат без постојано меѓународно противење, овие злоупотреби ќе постават невиден преседан за други режими каде дискриминацијата врз жените останува ендемична.

Право време е да се стори тоа: по две години на сé поинтензивна репресија, се чини дека има поделба во режимот во Кабул, кој што премногу случајно спроведе низа наредби од верските свештеници во Кандахар. За да се надополнат на независните активности на Меѓународниот кривичен суд, меѓународната заедница може да преземе неколку иницијативи сега што може да додадат притисок за промена на политиката.

Лидерите од земјите со мнозинство муслиманско население треба да формираат делегација и да го посетат Авганистан и да се сретнат не само со талибанците, туку и со повозрасните верски членови на земјата. Но, дури и пред тоа да се случи, овие лидери и нивните Западни колеги мора да ги засилат нивните напори.

Соединетите држави, Обединетото Кралство и други глобални сили треба да го следат водството на Европската унија во санкционирањето на оние кои се директно одговорни за негирање на образованието на девојчињата. Треба да стават на располагање ресурси на интернет платформите за да се обезбеди образование од далечина и да сторат повеќе за финансирање на подземни училишта за сите авганистански деца, машки и женски, за да може школувањето да продолжи дури и за време на сегашната забрана. Ваквите иницијативи би можеле, исто така, да го помогнат пристапот на авганистанските девојчиња до образование и надвор од границите на земјата во Пакистан и да помогнат да се одржи барем мал дел од прогресот постигнат во двете децении пред Август 2021 година. Истовремено, доколку талибанците сепак го сменат курсот и се согласат да им дадат на девојчињата постојан и неограничен пристап до образование, светот мора да биде подготвен да понуди финансиска поддршка.

Правните препораки произлегуваат од исцрпниот преглед предводен од научници во кој детално се опишува страшната состојба на авганистанските девојчиња и кршењето на меѓународните договори за човекови права од страна на талибанците. Нивните напори макотрпно документираат колку далеку отишол режимот во исклучување на жените и девојчињата од средното и високото образование и колку Авганистан не успеал да ја поддржи Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW).

Талибанскиот режим, исто така, ги игнорираше и своите обврски според Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права (ICESCR), како и Конвенцијата за правата на детето (CRC). Нејзините дискриминаторски практики против жените и девојчињата очигледно ги кршат овие конвенции и со право имаат предизвикано широка осуда. Комитетот за Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените, Комитетот за Конвенцијата за правата на детето и други истакнати личности ги осудија регресивните политики на талибанците. Ричард Бенет, Специјалниот известувач на ОН за човекови права во Авганистан му рече на Советот за човекови права на ОН дека „тешката, систематска и институционализирана дискриминација врз жените и девојчињата е во срцето на идеологијата и владеењето на талибанците, што исто така ја зголемува загриженоста дека тие можеби се одговорни за родов апартхејд“.

Секако, Авганистан ги нема ратификувано инструментите што се суштински за спроведување на CEDAW, ICESCR, или CRC. Сепак, меѓународната заедница може да бара одговорност на други начини, вклучувајќи ги барањата за известување и механизмите за мониторинг кои се воспоставени со овие договори. Овие дозволуваат тела како што се Комитетот за Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените да ангажира известувачи чии истраги би одржале континуирано набљудување на активностите на Талибанците.

Меѓународното кривично право нуди уште поширок прозорец низ кој може да се санкционираат талибанците. Обединетите нации го имаат признато образованието како „овозможувачко право“ кое е клучно за остварување на други човекови права, а образовните забрани на талибанците јасно сочинуваат родово заснован прогон. Според Политиката на Меѓународниот кривичен суд од декември 2022 година за кривичното дело родово прогонство, дејствија кои ги лишуваат поединците од нивните основни права – вклучувајќи и од образованието – спаѓаат во оваа категорија.

Многу земји би можеле, исто така, да влијаат на своите домашни правни рамки во насока да го осудат и да одговорат на талибанската супресија на правата на жените и девојчињата, вклучувајќи, потенцијално, преку таргетирани санкции.

Сите овие опции треба да бидат на маса, бидејќи потребата да им се помогне на авганистанските девојчиња станува сé поитна. Од 80-те наредби издадени од страна на талибанците меѓу август 2021 година и минатиот јануари, 54 се насочени кон жените и ги укинуваат нивните права. Неодамна, режимот издаде дополнителни забрани за учество на жените и девојчињата на универзитетски медицински испити, посета на гробишта и други активности. Министерството за пропагирање на доблест и спречување на пороци и авганистанската Независна комисија за човекови права се укинати, додека законодавството што гарантира родова еднаквост стана неважечка. Министерството за женски прашања стана застрашувачкото Министерство за пропагирање на доблест и спречување на пороци, а Авганистанската независна комисија за човекови права е распуштена, додека законодавството што гарантира родова еднаквост е неважечко.

Дури и под интензивна репресија од талибанците, многу авганистански жени и девојчиња остануваат пркосни, посетувајќи тајни училишта и барајќи универзитетско образование преку интернет. Трагично, пак, глобалната поддршка за нивната кауза е недоволна.

Се разбира, многу влади, вклучително и други земји со мнозинско муслиманско население имаат изразено приговори за талибанската политика, цитирајќи верски списи кои не одобруваат таква дискриминација. Нивните осуди треба да бидат поздравени, но заштитата на правата на авганистанските жени и девојчиња исто така бара поголема меѓународна мобилизација.

Како што ние во меѓународната заедница одговараме на овие проблеми, мораме да го повикаме Меѓународниот кривичен суд да ја искористи годишнината од враќањето на талибанците на власт за да се отвори истрага за нивните сериозни кршења на правата. Очигледното непочитување на меѓународните договори од страна на режимот, а особено неговото исклучување на жените и девојчињата од образованието, повеќе не смее да биде игнорирано.

Духот на авганистанските луѓе ги издржува дури и најстрогите казни што талибанците можат да ги спроведат. Авганистанските жени и девојчиња продолжуваат да се борат за нивните права и покрај реалноста од речиси сигурна одмазда. Светот мора да застане со нив.

Гордон Браун е поранешен премиер на Обединетото Кралство, специјален пратеник на ОН за глобално образование.

Превод: Наташа Цветковска


Текстот е преземен од Project Syndicate и објавен на FRONTLINE. Линк до оригиналот: The Taliban’s Gender Crimes Against Humanity. Понатамошно преземање не е дозволено без писмена дозвола од Редакцијата.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Авганистанрепресијародово насилствоТалибанцичовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ