Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска од Охрид изрази поддршка за Извештајот на Европскиот парламент, оценувајќи го како поттик за евроинтегративниот пат на земјава. Според него, извештајот го потврдува ангажманот на ЕУ за напредок на државата, особено во делот на правосудните реформи, борбата против корупцијата и справувањето со актуелните предизвици.
Говорејќи за контроверзните формулации поврзани со прашањата за јазикот и идентитетот, Рокас нагласи дека Европскиот парламент функционира како независен орган и носи одлуки врз основа на сопствени политички и процедурни правила.
– Треба да се нагласи дека овие прашања – идентитетот и јазикот – не се предмет на преговарачката рамка. Тие најдобро се заштитуваат преку полноправно членство во Европската унија, изјави Рокас.
А.М.