• Latest
Фото: ЕЕАС

Рокас: Единствена цел во мојот мандат е да и помогнам на земјава да влезе во ЕУ

October 13, 2024

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Рокас: Единствена цел во мојот мандат е да и помогнам на земјава да влезе во ЕУ

October 13, 2024 09:42
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Фото: ЕЕАС

Фото: ЕЕАС

Share on FacebookShare on Twitter

„Единствена цел во мојот мандат е да и помогнам на државата да влезе во ЕУ што е можно побрзо“, изјави новиот евроамбасадор Михалис Рокас, во интервју за МИА, што е негово прво интервју откако стапи на новата должност во земјава минатиот месец.

Рокас вели дека членството во ЕУ нема алтернатива и оти проширувањето е најуспешната политика на Унијата. Вели дека го разбира предлогот на Владата за одложена примена на уставните измени, но, нагласува оти пристапувањето е процес заснован на едногласност.

„Проширувањето е процес заснован на едногласност, ние сме сите свесни за овој предлог на Владата. Мое скромно мислење е дека тешко дека ќе биде прифатен, како што објаснив претходно има став на ЕУ од 27-те членки во овој поглед. Значи, се разбира, од суштинско значење е да се осигураме дека сме свесни за овој контекст. Одлуката за уставни измени е суверена одлука на Владата, и е многу важна, ние имаме огромна почит за тоа како Владата сака да продолжи понатаму и решенијата кои сака да ги постигне, но процесот е сосема јасен, и тој може да биде веднаш и може да се одвива многу брзо и она што можам да го повторам е целосната посветеност за пристапување кон ЕУ, што ја вклучува и Северна Македонија“, потенцира Рокас.

Евроамбасадорот Рокас, во интервјуто за МИА говори и за реформите во правосудството, препораките на Оценската мисија, за Планот за раст на Западен Балкан, БРИКС и односите ЕУ-Кина…

Зборувајќи за приоритетите и главниот фокус Рокас истакна дека најголем предизвик е основата на реформите и капацитетот за апсорпција.

 

„Имам многу едноставен мандат, а тоа е да и помогнам на државата да влезе во ЕУ што е можно побрзо и тоа е единствената цел. Важно е како ќе се постигне тоа, заедно со мојот тим тука и претставниците на земјите-членки на ЕУ и сите амбасадори, ќе ја продолжам мисијата на мојот претходник евроамбасадорот Гир, а тоа е ќе одам во секој агол на земјава, ќе се ангажирам со граѓаните, со младите и треба да ги привлечеме сите кон таа цел.

И мислам дека постои фрустрација веќе подолго време, како што спомнавте во претходното прашање за евроскептицизмот, и мислам дека имаме одговор, па затоа треба да дадеме уверување дека имаме одговор. Според мене, најголем предизвик е основата на реформите и капацитетот за апсорпција. Вистината е дека до денес, изгубени се големи финансиски средства. Штета, бидејќи тоа ќе направело разлика. Така што, се надевам дека со овој нов поттик, треба да се искористи оваа можност и да се потрудиме заедно со мандатот на новата Влада, да одиме напред рака под рака и се надевам дека тоа ќе биде мојот единствен фокус во следните четири години“, изјави Рокас во интервјуто за МИА. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ