Categories

ЕВРОПСКА УНИЈА Романија го презеде претседавањето со ЕУ

Романија го презеде претседавањето со Европската Унија од Австрија, која претседаваше во претходните шест месеци.

Свечената церемонија се одржа во Букурешт во присуство на највисоки домашни политички претставници и сојузници на Унијата. На церемонијата присутвувале и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, претседателот на Европскиот довет, Доналд Туск, претседателот на Романија, Клаус Јоханис, и премиерката Виорица Данчила.

Јоханис истакнал дека неговата земја ќе работи за ЕУ да биде единствена и силна, додавајќи дека во моментов најголеми предизвици се брегзитот, миграциите и прашањето за безбедноста.

Јункер потенцирал дека Романија се наоѓа во самиот центар на Европа и дека ЕУ без Романија не би била целосна.

Д. М.

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email