„Општина Росоман како и изминатите години скромно ја украсува општината за Нова година. Секоја година поголем дел од планираните средства ги пренаменува за социјални трансфери и социјални пакети за социјално загрозените фамилии.
Оваа година скормно ќе ја украсиме општината со материјалот кој го поседуваме од претходните години, а средствата ќе ги пренамениме за социјални пакети и набавка на таблети за учениците кои не поседуваат техничка можност за следење на онјалн наставата“, изјави Бранко Јанев, градоначалникот на општина Росоман, на прашањето на ЦИВИЛ – Дали оваа година ќе ја украсите вашата општина за новогодишните празници? Ако не ја украсувате, каде и за што ќе ги пренамените средствата кои ви се предвидени за таа намена?
Дехран Муратов