• Latest

Русија ги користи енергетските ресурси како оружје, Европа ја чека тешка зима

July 29, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Русија ги користи енергетските ресурси како оружје, Европа ја чека тешка зима

July 29, 2022 12:34
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во источна Франција, десетина помали места ги исклучуваат уличните светла на полноќ. Барселона нуди проценки за енергетската ефикасност на домовите. Варшава субвенционира домаќинства кои ги заменуваат печките на фосилни горива со топлински пумпи, пренесува Фронтлајн.

Со оглед на тоа што војната во Украина ги поттикна високите цени на нафтата и гасот, а Владимир Путин покажа подготвеност да ги користи енергетските ресурси на Русија како оружје, градовите низ Европа наоѓаат различни начини за намалување на потрошувачката на енергија, пишува Њујорк Тајмс.

Како единствениот најголем европски потрошувач на руски гас, Германија можеби е земјата најранлива на енергетскиот притисок на Русија, но многу други земји исто така се соочуваат со високи цени и ограничени резерви.

Тежината или благоста на претстојната зима ќе биде клучен фактор. Блага зима во Европа би ја намалила глобалната побарувачка за гас. Спротивно на тоа, суровата зима со ниски температури би ја зголемила побарувачката и би ги зголемила цените.

Земјите од Европа едвај чекаат да видат како ќе се одвива времето.

Во обид да ја забрза својата енергетска независност од Русија, Италија гледаше на Алжир како потенцијален нов снабдувач на гас, ги зголеми обновливите извори на енергија и согоруваше повеќе јаглен за да ги задржи домовите осветлени и деловните активности во кондиција.

Претседателот Емануел Макрон од Франција, кој предупреди дека земјата треба да се подготви за целосно прекинување на рускиот природен гас, рече дека за да се справи со недостигот на гас, владата ќе подготви план за зачувување за ограничување на употребата на енергија. Тој, исто така, истакна дека големата француска нуклеарна индустрија ја прави помалку ранлива од некои од нејзините европски соседи.

„Русија ја користи енергијата, како што ја користи храната – како оружје за војна“, рече претседателот на Франција Макрон претходно овој месец.

Елизабет Борн, француската премиерка, им рече на пратениците дека Франција ќе го ренационализира својот државен гигант за електрична енергија, „Électricité de France“, кој произведува најголем дел од електричната енергија во земјата и управува со сите нејзини нуклеарни централи.

Во Белгија, владата ја смени одлуката за постепено укинување на нуклеарната енергија до 2025 година и го продолжи животниот век на два реактори за уште една деценија. И владите на Австрија и Холандија презедоа чекори за да се свртат кон електрани на јаглен кои или беа затворени или беа планирани да бидат исклучени. Тие активности, сепак, предизвикаа загриженост дека напорите на Европската унија да постигне нето-нула емисии на стакленички гасови до 2050 година ќе бидат исфрлени од колосек.

Пратениците во Полска ги поддржаа мерките што ќе им овозможат да го зголемат капацитетот за складирање гас и да ги олабават правилата за тргување со гориво, објави Ројтерс.

 

Британската Национална мрежа понуди оценка за очекуваното намалено снабдување со енергија оваа зима, велејќи во извештајот дека „иако Британија не се потпира на рускиот гас до степен до кој е остатокот од Европа, јасно е дека прекинот на протокот на гас во Европа може да има негативни влијанија, вклучително и многу високи цени“.

Организацијата, која објави прогноза за да и помогне на енергетската индустрија да се подготви за постудените месеци, рече дека ќе се справи со скапата и непредвидлива енергија, заедно со какви било прекини, со одложување на затворањето на постројките за јаглен.

Националната мрежа, исто така, охрабри поголемо учество во „одговор од страната на побарувачката“, што се чинеше дека упатува на можната потреба поединците да го намалат или прифатат ограничувањата на користењето електрична енергија, пишува Њујорк Тајмс.

Во меѓувреме земјите-членки на ЕУ договорија итен план за гас што има за цел да го ублажи влијанието од потенцијален целосен прекин на испораките на руски гас, јави ДПА.

Планот предвидува намалување од 15 отсто на потрошувачката на природен гас на земјите-членки меѓу 1 август 2022 година и 31 март 2023 година, изјавија дипломати за ДПА, пренесе МИА.

Дополнително, ќе се создаде механизам за активирање на алармирање на целиот блок во случај на голем недостиг на гас и за спроведување на обврзувачки цели за штедење.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ