Руските сили почнаа да инсталираат систем за воздушна одбрана во најголемата европска нуклеарна централа Запорожје откако гранатирањето предизвика страв од катастрофална несреќа, пренесува МИА.
Претставници на руските сили изјавија дека нуклеарната централа во моментот работи нормално и дека се поправени далноводите и оштетените единици на реакторот.
Нуклеарната централа во јужна Украина, која е под руска контрола, беше гранатирана неколку пати во изминатите неколку дена, што предизвика меѓународна загриженост за безбедноста на постројките.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш побара меѓународните инспектори да добијат пристап до нуклеарната централа Запорожје, откако Украина и Русија меѓусебно се обвинија за гранатирање на објектот
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека поддржува посетата на набљудувачите од Меѓународната агенција за атомска енергија на нуклеарната централа Запорожје.