• Latest

Русија ја прогласи и Северна Македонија за непријателска, трета рунда преговори Киев – Москва, реакции по заканата од Руската амбасада

March 7, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Русија ја прогласи и Северна Македонија за непријателска, трета рунда преговори Киев – Москва, реакции по заканата од Руската амбасада

March 7, 2022 16:53
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

И Северна Македонија во списокот на непријателски земји на Руската Федерација

Владата на Руската Федерација објави список на земји кои вршат „непријателски дејствија против Русија“ меѓу кои е и Северна Македонија, соопшти прес-службата на Кабинетот на министри.

На списокот се наоѓаат Австралија, Велика Британија, земјите-членки на ЕУ, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Сан Марино, Андора, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Швајцарија, Јапонија и Микронезија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Околу објавата од Руската амбасада во Скопје дека „евидентираат“ неистомисленици, етикетирани како „русофоби“, таа е непримерна и е класична закана. И ние ја интерпретираме како закана надвор од нормалната дипломатска комуникација“, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на новинарско прашање.

„Ова е класична закана, и не е објавена само кај нас, објавена е во сите земји во светот, пред сè во Европа, и ние ја интерпретираме како таква, како закана која е надвор од нормалната дипломатска комуникација, рече министерот Османи на денешниот брифинг.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Спротивно на постигнатите договори, на 7 март, Руската Федерација повторно го прекина отворањето на хуманитарни коридори за евакуација на цивили од околните градови во Кијивската, Харкивската, Доњецката и Херсонската област, информира денеска украинското МНР.
Третата рунда преговори меѓу Украина и земјата агресор Русија ќе започне денеска во 16.00 часот по киевско време, објави на Твитер, Михаило Подолијак, советник на шефот на Кабинетот на украинскиот претседател,  пренесува Укринформ.

ФЛЕШ ВЕСТИ

НОН-ПЕЈПЕР Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, со нон-пејпер, покренува меѓународна акција чија цел е низ контакти луѓе со луѓе да се запознае руското општество со вистинските случувања во Украина и пренесување на пораката дека „народот не е виновен за конфликтите предизвикани од нивните ирационални лидери“.

ИСТРАЖУВАЊЕ Новата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Северна Македонија покажува зголемување на кинеското и руското влијание, недостаток на транспарентност во политичките партии и поддршка за иницијативата „Отворен Балкан“.

МО „Целосно ја осудуваме руската инвазија на Украина. Северна Македонија заедно со сојузниците во НАТО дава силна поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нападот од Русија е повреда на меѓународното право и на човековите права во Украина“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на тркалезната маса која се одржа денеска во кралскиот институт РУСИ (The Royal United Services Institute) во Лондон, Обединетото Кралство, на тема „Современи безбедносни закани и нивното влијание врз Западниот Балкан“.

ЕКОНОМИЈА Finance Think оценува дека постигнатото решение за  усогласување на пензиите е коректно поради тоа што не ја нарушува патеката на стабилизација на пензискиот фонд отпочната по 2019 година, и обезбедува пристојно зачувување на животниот стандард на пензионерите.

САНКЦИИ Нетфликс и ТикТок ги прекинаа повеќето од нивните услуги во Русија во неделата, бидејќи руската влада презема мерки за тоа што луѓето и медиумите смеат да кажат за руската војна во Украина, пренесува АП њуз.

ПРОТЕСТИ 5.000 луѓе се приведени во 69 градови, половината од нив во Москва додека вчера протестираа против војната на Кремљ во Украина. Луѓето беа сериозно претепани, напиша на Твитер белоруската новинарка Хана Лиубакова, пренесува Фронтлајн.

СРЕДБА Според изјавата на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, шефовите на дипломатиите на Русија и Украина ќе се сретнат во четврток во Турција, пренесува Си -Ен – Ен.

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Тефик Махмут – борец за правата на Ромите, дипломец по меѓународно параво, магистер од Оксфорд, граѓански активист, претседател на политичката партија ОПРЕ РОМА. Тој зборува за дискриминаторската положба на Ромите во земјава, игнорантскиот однос на институциите по основ на уставната подлога за правична застапеност, еволутивното и револутивното во граѓанската и во политичката борба за еднаквост.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Во рамки на серијата настани „Во фокусот на ЦИВИЛ“, организацијата ќе одржи онлајн панел дискусија на тема „Еднаквост на жените: Длабока хибернација“, во среда, 9 март, со почеток во 13:30 часот.

На панелот ќе се отворат прашања за институционалниот, државниот и општествениот однос за правата на жените, зошто еднаквоста на жените во секој аспект е се уште на декларативно ниво, за причините, дејствијата и решенијата по ова многу важно прашање.

*

На 8 Март, со почеток во 12 часот пред Влада со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за секојдневните системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, оваа година маршираме под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“, велат од Платформа за родова еднаквост.

ЕДИТОРИЈАЛ

Џабир Дерала

„Путин е тој што не го сакаме, ние и безбројните милиони Русинки и Руси, затоа што е убиец и затоа што веќе го уништи животот на милиони луѓе низ Европа и Азија. Сега сака да ја уништи и украинската нација. Се заканува дека ќе го уништи целиот свет, со бледата рака на црвеното копче.

Ние не сме русофоби. Напротив, Русија ја почитуваме, а многумина од нас и ја сакаат искрено. Путин ја мрази Русија и се плаши од неа. Се плаши од Русија слободна, мирољубива, развиена и отворена. Токму Путин и неговата клика се своевидни русофоби“, пишува Џабир Дерала во едиторијалот „Црната листа на Лудакот“.

СЛОБОДНА ЗОНА

Сашо Орданоски

„Западниот бран од откажувања и забрани за настапи на руските уметници и спортисти е една од оние заканувачки последици што големите воени виори, како кога со голема секира се сече тенко дрвце, ги шират и врз општествените области кои не се на „теренот“ на воено-политичките операции и агресорските пропагандни машинерии. Во изминатите десетина дена се откажани или одложени стотици помали и поголеми културни и спортски настани во кои изведувачи се руски уметници или спортски поединци и репрезентации што ги бранат боите на Русија“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Русофобијата се шири побрзо од омикрон“.

Сотир Габелоски

„Секојдневно Украинците го напуштаат својот дом со еден куфер и ранец на себе во потрага по спасување на жива глава. Со себе ги носат своите деца, своите повозрасни родители и роднини. Па, поминуваат низ небезбедни коридори кои неколку пати се реотвораат. Завршуваат надвор од границите на својот дом кој за момент може да биде срамнет со земја и се’ да се претвори во прашања“, пишува Сотир Габелоски во Брза пошта, „Замислете си дека мора да го напуштите својот дом…“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ