fbpx
  • Latest
Добро утро со Орданоски

Русофобијата се шири побрзо од омикрон

March 7, 2022

Најголема размена на воени заробеници: 144 украински војници, вклучително и 95 бранители на Азовстал, се вратија дома

June 29, 2022

Калевска-Ванчева: Ме снимал пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Јованчев, ќе барам да ми се извини

June 29, 2022

Бектеши го „замолкна“ Стојановски од ВМРО ДПМНЕ: Кога не сум на говорница ме прашувате – А бе, има нешто фотонапонски централи за ВМРО?

June 29, 2022

Во Романија Владата одобри одложување на плаќањето рати за кредити за период од 9 месеци

June 29, 2022

Мицотакис: Не ни е потребен друг извор на нестабилност во НАТО, се надминаа опортунистичките и утилитарните однесувања

June 29, 2022

Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст, со ребалансот се обезбедуваат средства за антикризни мерки, поддршка на земјоделците и повисоки плати и пензии

June 29, 2022

Зеленски на самитот на НАТО: Мора да најдете место за Украина во заедничкиот безбедносен простор, Русија мора да биде изолирана

June 29, 2022

Пендаровски на партнерската сесија на Северноатлантскиот совет ja поздрави одлуката за формална покана на Финска и Шведска да се приклучат кон Алијансата

June 29, 2022
Оливер Спасовски

Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза

June 29, 2022

Тупанчески: Ветингот може да биде направен и со постојните законски решенија

June 29, 2022
Official portrait of NATO Heads of State and Government

НАТО договори нов стратешки концепт, зајакнато одвраќање и одбрана, поголема поддршка за Украина, покани за Финска и Шведска

June 29, 2022

Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат

June 29, 2022
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • МАРКЕТИНГ
Thursday, June 30, 2022
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Најголема размена на воени заробеници: 144 украински војници, вклучително и 95 бранители на Азовстал, се вратија дома

    Калевска-Ванчева: Ме снимал пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Јованчев, ќе барам да ми се извини

    Бектеши го „замолкна“ Стојановски од ВМРО ДПМНЕ: Кога не сум на говорница ме прашувате – А бе, има нешто фотонапонски централи за ВМРО?

    Во Романија Владата одобри одложување на плаќањето рати за кредити за период од 9 месеци

    Мицотакис: Не ни е потребен друг извор на нестабилност во НАТО, се надминаа опортунистичките и утилитарните однесувања

    Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст, со ребалансот се обезбедуваат средства за антикризни мерки, поддршка на земјоделците и повисоки плати и пензии

    Зеленски на самитот на НАТО: Мора да најдете место за Украина во заедничкиот безбедносен простор, Русија мора да биде изолирана

    Пендаровски на партнерската сесија на Северноатлантскиот совет ja поздрави одлуката за формална покана на Финска и Шведска да се приклучат кон Алијансата

    Оливер Спасовски

    Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза

    Тупанчески: Ветингот може да биде направен и со постојните законски решенија

    Trending Tags

    • ПОЛИТИКА

      Ковачевски: Неприфатливи се предлози без јасна заштита на македонскиот јазик и идентитет

      (ВИДЕО) ЗАД ДИМНАТА ЗАВЕСА: Дезинформации и пропаганда, последици и одговорност

      Ковачевски: Предвремени избори не треба да има за да се заштитат националните интереси и економската стабилност

      Ковачевски: Минималната плата е зголемена за 100% во мандатот на оваа Влада, платите продолжуваат да растат

      Рјабков: Негативно гледаме на плановите на Шведска и на Финска за НАТО

      Trending Tags

      • ОПШТЕСТВО
        Оливер Спасовски

        Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза

        Грковска на средба со европратеници: Владата е посветена да изгради општество со професионални институции, насочени кон обезбедување подобри услуги за граѓаните

        Обрачот – за сеќавање на Роберто Беличанец

        Цивил на средби со граѓанките и граѓаните во центарот на Скопје

        (ТРЕЈЛЕР) Цивил ве води „зад димната завеса“ – граѓанска и медиумска акција против дезинформациите и пропагандата

        Отворен финалниот натпреварот „НАТО Иновациски предизвик“

        Извештај на ГИ-ТОК: Опасни игри- фудбалски хулиганизам, политика и организиран криминал во Западен Балкан

        Грковска: Дигиталната трансформација на општеството е важен приоритет на Владата, тоа е предуслов за транспарентни институции и квалитетни јавни услуги

        ССМ на протест пред МТСП, министерката ги повика на средба

        Реакција на ССМ за одлуката во недела да работат трговците во туристичките места

        Trending Tags

        • СЛОБОДНА ЗОНА
          • Категорија
          • MIDNIGHT EXPRESS
          • БЕЗ ФИЛТЕР
          • БЛИЦ
          • БРЗА ПОШТА
          • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
          • КОМЕНТАРИ
          • ОД КОРНЕР
          • ПОЕНТИ
          • ПРАВНИ ПЕРСПЕКТИВИ
          • РАФАЛ
          • СТАВОВИ

          Обрачот – за сеќавање на Роберто Беличанец

          Војо Маневски

          Пропрашувања

          Џабир Дерала

          Со збор ништо не знаат да решат. Секогаш кога на ред се прашања од суштинско значење за државата, во Собранието има тепачка.

          Љубомир Костовски

          Западот го нема Третиот човек во Софија

          По Самитот на Западен Балкан, очигледно е дека ќе имаме жешко политичко лето

          Проф. Мирјана Најчевска

          Ѓорѓи сардисан

          Марин Гавриловски

          Француска или руска салата?

          Насер Пајазити, ИНА

          Во Северна Македонија се води хибридна оркестрирана кампања

          Кој е патриот сега?

          Џабир Дерала

          Да се покачат платите на административците, но под еден услов

          Trending Tags

          • АНАЛИЗИ
          • РЕГИОН
          • СВЕТ
          • ВОЈНА
          Civil
          No Result
          View All Result

                  Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

                  Русофобијата се шири побрзо од омикрон

                  Во денешниот 24/7 поврзан и меѓузависен свет, потполно непотребната војна во Украина не произведува хистерија, страв и гнев само во бомбардираните украински градови, туку таа трагедија резонира и во најдалечните агли и меѓу обичните луѓе на Стариот континент.

                  March 7, 2022 06:30
                  in ВОЈНА, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 10
                  Добро утро со Орданоски

                  Добро утро со Орданоски

                  Share on FacebookShare on Twitter

                  САШО ОРДАНОСКИ

                  Западниот бран од откажувања и забрани за настапи на руските уметници и спортисти е една од оние заканувачки последици што големите воени виори, како кога со голема секира се сече тенко дрвце, ги шират и врз општествените области кои не се на „теренот“ на воено-политичките операции и агресорските пропагандни машинерии. Во изминатите десетина дена се откажани или одложени стотици помали и поголеми културни и спортски настани во кои изведувачи се руски уметници или спортски поединци и репрезентации што ги бранат боите на Русија.

                  Размерите на овие поединечни и групни акти се такви што со право може да се говори за ширење, со брзина на вирусот омикрон, на масовна „цивилна“ русофобија, особено на Европскиот континент. Се работи за вистинска анти-руска емотивна лавина која носи сѐ пред себе. Музеи, концертни куќи, изложбени салони, театри, фестивали, филмови во процес на снимање, големи и мали спортски натпревари, цели спортски првенства, дури и ресторани, па и универзитетски институции, ги откажуваат соработките со руските претставници или сопственици, а настрадуваат и изведбите на делата на одамна починатите гиганти на руската култура и уметност. А, којзнае уште колку се непријатните лични стории за „обичните“ Руси кои, само затоа што се Руси, се изложени на вознемирувања и други непријатности вон својата татковина.

                  Го заслужуваат ли овие луѓе тоа? Дали се тие виновни за освојувачките ужаси што Путиновиот воинствен режим ги предизвикува во Украина, ескалирајќи ја својата нуклеарна закана и кон цела Европа и светот?

                  Рационалниот одговор е едноставен: секако НЕ.

                  Работите, сепак, никогаш не се така едноставни…

                  ХАЈДЕГЕР И НАЦИЗМОТ

                  Еден од најголемите 20-то вековни германски филозофи, Мартин Хајдегер, станал член на Нацистичката партија во мај 1933 година, откако Хитлер беше избран за германски канцелар на крајот од јануари истата година, и само месец дена по Хајдегеровото именување за ректор на прочуениот Универзитет во Фрајбург. (Неговиот претходник на ректорската позиција бил итно сменет, бидејќи одбил да постави антиеврејски плакати низ универзитетската зграда, но и самиот Хајдегер ќе си даде оставка од ректорската функција веќе во април 1934 година.) Тоа се години кога многумина и на Запад, меѓу кои и видни политичари и државници, биле воодушевени од почетните успеси и социјалните реформи на „австрискиот молер“, а и по лондонските кино сали му се аплаудирало на „филмските вести“ од случувањата во Германија, пред проекцијата на репертоарските филмови.

                  Да ја скратиме долгата (и позната) приказна на кратко, Хајдегер никогаш не излезе од национал-социјалистичката партија до нејзината забрана на крајот од Втората светска војна, а ни по неа никогаш јавно не се дистанцираше од злоделата на нацизмот и Холокаустот, како и од самиот Хитлер, за кого тврдел дека неговата појава била „неопходност за Германија“. Веднаш по војната е отпуштен од Фрајбуршкиот универзитет, со забрана да држи предавања. Француската воена истрага, водена до 1949 година, не нашла докази за негово кривично гонење, а на почетокот од педесеттите години му е повторно дозволено да држи факултетски предавања, но како обичен професор.

                  СУДБИНАТА ТАКА САКАЛА?

                  Целата оваа голема историска контроверза со Хајдегер предизвика многубројни и долгогодишни спротивставени анализи на десетици негови помалку или повеќе прочуени колеги филозофи, во чии студии се тврди или оспорува дека и во продорните филозофски теории на Хајдегер, со кои ја задолжил глобалната филозофска мисла, силно влијание има неговиот политички светоглед. Во 1966 година се согласил на интервју за двајца новинари на германскиот неделник „Шпигел“ (занимливо, едниот од нив и самиот поранешен висок наци-офицер), под услов тоа да се објави по неговата смрт, што е и направено во мај 1976 година. Во него, меѓу другото, тој објаснува дека со своето партиско нацистичко членство се обидувал да го заштити Универзитетот да не биде сосема преземен од нацистите, а дека во нив и во харизматичниот Хитлер гледал како на шанса за германското „будење“ за нов поредок што би бил „на средина“ помеѓу капитализмот и социјализмот.

                  Во средината на осумдесеттите од минатиот век, еден друг прочуен германски филозофер, Јирген Хабермас, ќе заклучи за Хајдегер дека „тој сосема ги раздвоил своите (политички – м.з.) активности и изјави од самиот себе како емпириска личност и ѝ ги припишал на судбината за која некој не може да биде сметан за одговорен“.

                  Што ми е зборот, ако оваа макар и површна паралела помеѓу Хајдегер и нацистичкиот режим со денешните руски уметници и научници, во однос на еден друг недемократски режим, како овој на Путин (што е на солиден пат да предизвика нова воена катастрофа од историски меморабилни размери), веќе не делува конфузно?

                  ДИРИГЕНТОТ НАД ГЕРГИЕВ

                  Па, одговорот е едноставен: не мора да чекаат да го видат крајот на Путиновата трагична ролја во светската историја, за уште сега јавно да се дистанцираат од Путиновиот режим. За илустрација, земете го примерот со Валери Гергиев, за кого велат дека е најголемиот жив диригент во светот…

                  Гергиев минатата недела беше церемонијално отпуштен од шеф-диригентското место, што го држеше од 2015 година, во престижната Минхенска филхармонија (Минхен, инаку, е збратимен град со Киев), поради неговото одбивање јавно да се произнесе против Путиновата инвазија на Украина. На овој чин му претходеа или следуваа, со молскавична брзина, едностраното раскинување на долгогодишните концертни соработки на Гергиев – за кого неговиот поранешен менаџер вели дека е „исклучително човечко суштество со длабоко чувство за доблест“ – со Миланската „Скала“, со Фестшпилхаус од Баден Баден, со Хамбуршката филхармонија, со филхармонискиот оркестар во Ротердам (со кого од 1996 година предводи фестивал секоја година), како и неколку настапи со Виенската филхармонија по најпрестижните концертни дворани во Европа и САД.

                  Но, во извесна смисла како и Хајдегер, Гергиев е прононсиран личен пријател и долгогодишен поддржувач на Путин, на неговите политики и неговата партија, за чии изборни кампањи има снимано и промотивни телевизиски спотови. Треба ли и неговите политички постапки како „емпириска личност“ (Хабермас) да се одвојат од неговата уметничка генијалност и да се третираат како судбински, за што тој/таа не може да се повика на јавна одговорност?

                  ОТРОВОТ НА РУСОФОБИЈАТА

                  Очигледно, многумина и во светот на европската концертна музика (таму, барем, не може да се негира извесна генерална цивилизираност) се на ставот дека таквата „двојност“ помеѓу политиката и изведувачката уметност не може да се толерира. Уметничките перформери – како и спортистите, научниците, политичарите или војниците, во крајна линија – се суштински поврзани со хуманоста на своите јавни и симболични позиви, па при политички произведени настани со масовни човечки катастрофи, „неутралност“ не се прифаќа, а јавниот молк сеедно се третира како „активно“ заземање страна.

                  Тоа е многу вознемирувачка непријатност за многумина од јавниот свет кои се мислат – а и реално се – незаинтересирани за геополитичките или воените настани. Но, во денешниот 24/7 поврзан и меѓузависен свет, потполно непотребната војна во Украина не произведува хистерија, страв и гнев само во бомбардираните украински градови, туку таа трагедија резонира и во најдалечните агли и меѓу обичните луѓе на Стариот континент кои сега и од обичните Руси (како, своевремено, и од обичните Германци) бараат да се изјаснат дали го поддржуваат Путин или не.

                  За тоа, пред сите нас, за доброто на сите Руси, прв требаше да мисли токму Путин. Обврската таа работа да ја расчистат со Путин е на самите Руси. Колку подолго чекаат, а трагедијата во Украина се зголемува, толку повеќе ќе расте и русофобијата, таа ирационална, ужасна мешавина на страв и омраза што полека го труе Европскиот континент.

                  Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
                  Print Friendly, PDF & Email
                  Share33Tweet21Share
                  germanCoop
                  germanEmb
                  NED
                  CIVICA
                  hbs
                  govor

                  CIVILMEDIA NEWSLETTER

                  Uslovi
                  CivilMedia

                  СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

                  • ДОМА
                  • ВЕСТИ
                  • ПОЛИТИКА
                  • ОПШТЕСТВО
                  • СЛОБОДНА ЗОНА
                  • АНАЛИЗИ
                  • РЕГИОН
                  • СВЕТ
                  • ВОЈНА

                  Следете нè

                  No Result
                  View All Result
                  • ДОМА
                  • ВЕСТИ
                  • ПОЛИТИКА
                  • ОПШТЕСТВО
                  • СЛОБОДНА ЗОНА
                  • АНАЛИЗИ
                  • РЕГИОН
                  • СВЕТ
                  • ВОЈНА
                  • ЗА НАС
                  • ИМПРЕСУМ
                  • КОНТАКТ
                  • УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ, АВТОРСКИ ПРАВА И ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА
                  • МАРКЕТИНГ