Најголемиот ноќен воздушен напад на Русија од почетокот на војната го запали главниот објект на украинската влада во Кијив и остави три лица мртви, вклучувајќи и едно бебе, соопштија украинските власти, а пренесува „Гардијан“.
Русија ја нападнала украинската престолнина со дронови и ракети, повредувајќи 18 лица и предизвикувајќи пожари во голем број згради.
🤯У Києві через падіння уламків зайнялася будівля Кабінету Міністрів. Влучання підтвердила прем’єр Свириденко.
Раніше мер столиці Віталій Кличко інформував про пожежу в одній із урядових споруд. pic.twitter.com/hX750Vm0wM
— Прямий (@prm_ua) September 7, 2025
Како што пренесува медиумот, бил забележан чад што се издигнува од покривот на зградата на кабинетот на министрите во Кијив, иако првично не било јасно дали чадот е резултат на урнатини или на директен погодок, што би означило ескалација во руската воздушна кампања. Зградата е дом на украинскиот кабинет, каде се наоѓаат канцелариите на министрите.
Градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, потврди дека станува збор за владина зграда во Печерскиот реон и дека на местото интервенираат противпожарни екипи.
У Києві загинули 32-річна жінка з двомісячним сином, повідомили в поліції.
Сімʼя загинула під завалами 9-поверхового житлового будинку у Святошинському районі. Там через атаку сталось руйнування з 4 по 8 поверх.
Мер Віталій Кличко уточнив, що під завалами шукають ще третю людину. pic.twitter.com/k967EIvW4K— Європейська Солідарність – Вінниччина (@vinn_es) September 7, 2025
Украина изврши напад врз нафтоводот „Дружба“ во руската Брјанска област и предизвика „големи оштетувања поради избувнатиот пожар“, соопшти на „Телеграм“ командантот на украинските беспилотни сили Роберт Бровди.
Нафтоводот „Дружба“ се користи за транспорт на руска сурова нафта кон Унгарија и Словачка, кои продолжуваат да ја купуваат од Москва и покрај тоа што поголемиот дел од земјите на Европската Унија ги стопираа набавките поради војната во Украина.
фото: архива