Руската страна се подготвува да изврши уште една провокација, обидувајќи се да ја дискредитира Украина на хуманитарен план, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на групата Информативен отпор, пренесува Укринформ.
„Веќе некое време во руската информативна средина и преку таканаречената руска дијаспора кружат гласини дека сирачињата се изнесуваат од Украина преку Полска и Турција како идни донатори на органи. Откако оваа лага беше пуштена по информативни канали, се прави обид истата да се официјализира“, се вели во соопштението.
Групата соопшти дека „во моментов, во име на таканаречената руска комесарка за човекови права Татјана Москалкова, позната по нејзината безгранична лојалност кон криминалниот режим на Путин, се подготвува писмо до турскиот комесар за човекови права, Шереф Малкоч, во кое Руската страна бара од турската страна да ја среди моменталната ситуација со децата кои биле земени како донори“.
„Очигледно, Русите на овој начин сакаат да го оттргнат вниманието на меѓународната заедница од присилното раселување на децата од привремено окупираните територии, особено од Мариупол“, се вели во соопштението.