• Latest

Русинка од Петербург оставила белешка на гробот на родителите на Путин: Земете го, подигнавте изрод и убиец

October 17, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Русинка од Петербург оставила белешка на гробот на родителите на Путин: Земете го, подигнавте изрод и убиец

На 6 октомври, Цибанева остави белешка на гробот на родителите на рускиот претседател, Марија и Владимир Путин на гробиштата Серафимовски, во која напишала: „Родители на сериски убиец, земете го, имаме толку многу болка и беда од него, цел свет се моли за неговата смрт. Смрт за Путин, воспитавте изрод и убиец“.

October 17, 2022 16:04
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Русинка од Петербург е осудена на домашен притвор бидејќи оставила белешка на гробот на Марија и Владимир Путин, родители на рускиот претседател Владимир Путин во која им се обраќа со „родителите на сериски убиец“ и бара од нив „да го земат, има толку многу болка и беда од него“, пренесува Медуза.

Обвинителството ги нарече постапките на Цибанева „дрско злосторство“. Нејзиниот син вели дека нејзината казна е строга, но „не толку лоша“ во контекст на актуелната политичка ситуација во Русија.

Окружниот суд во Санкт Петербург ѝ одреди на 60-годишната жителка Ирина Цибанева домашен притвор, откако ја прогласи за виновна за сквернавење на гробница со политички или идеолошки непријателски мотиви. Случајот е покренат откако таа оставила белешка на гробот на родителите на рускиот претседател Владимир Путин. Максималната казна за ова обвинение е пет години.

На 6 октомври, Цибанева остави белешка на гробот на родителите на рускиот претседател, Марија и Владимир Путин на гробиштата Серафимовски, во која напишала:

„Родители на сериски убиец, земете го, имаме толку многу болка и беда од него, цел свет се моли за неговата смрт. Смрт за Путин, воспитавте изрод и убиец“.

Полицијата дојде во станот на Цибанева на 10 октомври. Таа очигледно беше идентификувана и лоцирана врз основа на снимките од повеќе надзорни камери на гробиштата. Чуварот на гробиштата ја нашол белешката и ја испратил во полиција.

Цибанева беше приведена во полиција каде што, како што изјави нејзиниот син Максим за публикацијата Медиазона, „ја затворија долго време“. Доцна вечерта му се јавила на синот и му рекла дека станот ќе биде претресен. Таа подоцна беше ставена во привремен притвор.

Цибанева веднаш признала дека ја напишала белешката. Полицијата направила ДНК тест, кој покажал траги од нејзината кожа на хартијата. Експерт за ракопис потврди дека таа ја напишала белешката. Лингвистичкото испитување заклучило дека белешката содржи „негативна оценка за рускиот претседател Владимир Путин“.

Останува нејасно како Цибанева стигнала до гробот на родителите на претседателот. Обезбедувањето на гробиштата и поточно околу гробот на Марија и Владимир Путин беше засилено на крајот на септември, откако активистката Анастасија Филипова остави таму мал знак, на страница од тетратка за одделенска настава, пишувало:

„Почитувани родители! Вашиот син се однесува срамно! Прескокнува часови по историја, се тепа со соучениците, се заканува дека ќе го разнесе цело училиште! Преземете акција!“

Според Максим Цибанев, обезбедувањето на гробиштата и дежурните полицајци „се оддалечиле и таа некако ја оставила белешката“.

Цибанева ги објасни своите постапки пред судот, велејќи: „Само гледав ТВ пренос, што беше многу сериозно, и имаше некои вести што ме натераа… Сфатив дека сè е многу застрашувачко, сè е многу тажно, многу луѓе се убиени .“

Обвинителството побара Цибанева да биде приведена бидејќи извршила „дрско злосторство“. Обвинителот го оправда апсењето, велејќи дека Цибанева „извршила кривично дело чија опасност за јавноста лежи во навреда на споменот на мртвите и чувствата на живите кон мртвите“.

Судот ја осуди Цибанева на домашен притвор до 8 ноември 2022 година и ѝ забрани да користи интернет, телефон или пошта. Максим Цибанев изјави за Медиазона:

„Во контекст на дејствијата што таа ги презеде, тоа е премногу сурово, но, добро, во контекст на моменталната ситуација во оваа земја навистина не е толку лошо“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ