• Latest

Руска пропагандна диверзија со краток рок и низок дострел

April 6, 2022
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Во Чешка попладнево започнаа парламентарните избори, учестуваат 26 партии и коалиции и 4.462 кандидати

October 3, 2025

Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас

October 3, 2025

УНИЦЕФ: Локалните лидери мора да ја стават иднината на децата на прво место

October 3, 2025
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина

За употребата на токсични хемиски супстанци од страна на Русија против вооружени сили на Украина

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Ричард Гир за Доналд Трамп: Имаме претседател кој не е само луд, туку е и темно присуство, за 6 месеци речиси ја уништи нашата земја

October 3, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Орскнефтеоргсинтез во руската област Оренбург на 3 октомври 2025 година. Фото: SBU

Украински дронови ја погодија една од најголемите руски рафинерии во јужен Урал, потврдува извор од СБУ

October 3, 2025

24 ЧАСА: Крвава кампања во Виница – кандидат за советник во кома, ДИК го утврди гласачкото ливче, Вестминстерска алијанса за Украина: Дебата во Рим за идентификување конкретни предлози за улогата на „Коалицијата на волните“

October 3, 2025

Османи ќе ги реши дивоградбите, Костовски вети модерна поликлиника, Пецаков најави зелен и дигитален Охрид…

October 3, 2025

Судијката Диана Груевска Илиевска ќе го води судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

October 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Руска пропагандна диверзија со краток рок и низок дострел

Иако релевантните светски медиуми не посветија ни малку внимание на видео снимките објавени од проруски профили на социјалните мрежи, тие добија голем простор во дел од македонските медиуми. Пак. (ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ ВО ТЕКСТОТ)

April 6, 2022 11:41
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕДИТОРИЈАЛ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите Нации попладнето на 5 април. Пред ОН и светската јавност, Зеленски презентираше шокантно видео со докази за воените злосторства што руските агресори ги извршија врз цивилното население во повеќе области во Украина.

„Руската војска, со предумисла, барала луѓе кои ѝ служеле на нашата земја во Буча, за да ги убие. Тие пукаа и убиваа жени и деца. Цивилите биле прегазени од тенкови додека седеле во своите автомобили. Жените биле силувани и убивани пред очите на нивните деца“ – сведочеше Зеленски во ОН.

Како „одговор“, руската пропаганда преку Твитер, лансираше кампања со видео снимки на кои се гледаат лица во украински униформи кои, наводно во Днипро, брутално апсат група луѓе во цивилна облека. Снимките од настанот, меѓу другите, ги објави @JazzDeus во коментар на Твитер, изразито антизападен профил кој изобилува со дезинформации и теории на заговорот.

Видеото го објави и @JazzDeus, Твитер профил кој води проруска и антизападна пропаганда.

На видео снимките објавени и на низа други профили на Твитер, очигледно е пречекорувањето на овластувањата (удирање на веќе совладаните лица). Наводно, според Твитер профилот @VeraVanHorne, се работи за припадници на Службата за безбедност на Украина (СБУ) која, наводно, апси цивили.

Твитер профилот @VeraVanHorne објави информација дека СБУ апсела цивили во Днипро.

Но ништо не е потврдено. Нема одговор на основните прашања што мора да ги содржи секоја вест за да биде веродостојна. Но затоа има безброј отворено проруски и релативизирачки коментари.

Непознато: Кога се случува настанот?

Колку пригодно! Видео снимките се појавуваат токму во денот кога Зеленски се обраќа во Советот за безбедност на ОН, но нема информација кога навистина е снимен тој материјал. Нема ни проверка на веродостојноста на снимките.

Кон пропагандата се приклучи и украинскиот новинар и видео блогер Анатолиј Шариј, кој е познат по своите пропагандистички активности за поддршка на режимот на Путин и воената агресија врз Украина.

Објава на Телеграм од прорускиот новинар и пропагандист, Анатолиј Шариј.

Непознато: Што е причината за апсењето?

Повеќето, очигледно проруски профили, наведуваат дека се работи за недолжни цивили кои им се противеле на украинските власти. Други тврдат дека се работи за акција на СБУ против диверзантско-терористичка група. Трети дека се работи за апсење на колаборационисти и насилници кои работеле за руските окупаторски сили. Ниту една верзија од настанот не се занимава со факти, извори, линкови.

Очигледно е дека снимките не служат за инфомирање, туку имаат поинаква употребна вредност – пропаганда. Затоа никој не се погрижил да ги обработи податоците професионално, туку во пропагандистички манир. Значи, нема официјални изјави, а ниту обид да се побараат одговори.

Уште помалку е јасно како се дошло до информациите за позадината на настанот. Од каде дошле Твитер „репортерите“ до податоци за причината поради која лицата во украинска униформа ги приведуваат (и ги тепаат) цивилите на снимките? Патем, сите приведени лица се прилично корпулентни, а и се противат на апсењето. Што секако, не е оправдување за нивното тепање откако се совладани. Сепак, останува нејасно кои се луѓето, кога се случило, каде точно, зошто, како, кои се изворите…

Пропорции

Конечно, ако се споредат пропорциите на воените злосторства во видеото што го прикажа Зеленски пред ОН, со тоа што проруските твитераши го пласираа истиот ден, тепањето во „контра снимките“ изгледа како руски балет.

Доволно е да се опише само една од фотографиите што денеска Зеленски му ја покажа на светот: Купиште мртви тела на семејство застрелано и фрлено во јама, на чиј врв се гледа голо детско тело со врзани раце.

Мариупол, Украина, 2022, фотографија од видеото што го презентираше украинскиот претседател Володимир Зеленски за руските воени злосторства пред Советот за безбедност на ОН, на 5 април 2022.

Кој ја лапна пропагандната јадица?

Симптоматично е времето на објавување на овие видео снимки што во најголем дел ги дистрибуираат проруски Твитер профили од различни краишта на светот. Повеќе од очигледна е намерата да се релативизираат ужасните злосторства што ги изврши и сѐ уште ги извршува руската војска врз невооружени цивили низ Украина. За само неколку дена се документирани неколку стотици случаи на стрелање цели семејства, касапење и силување.

„Контранападот“ на руската пропаганда не вроди со плод, така што овие снимки не се „пробија“ во релевантни и кредибилни светски медиуми кои редовно и темелно ги проверуваат фактите и имаат свои дописници на теренот. Сепак, се чини дека дел од македонските медиуми ја „лапнаа“ руската пропагандна „јадица“ и ги објавија крајно сомнителните „извори“ на Твитер и на тој начин придонесоа кон релативизација на воените злосторства и ја манипулираат јавноста со непроверени видео снимки чија веродостојност не е проверена.

Димна завеса

Оваа руска пропагандна диверзија е само димна завеса со краток рок и низок дострел. Воедно, ова е илустрација за тоа како функционира една пропагандна акција. Сепак, ако видео снимките со апсење во кое се употребува прекумерна сила треба да бидат „противтежа“ на грозоморните сцени и ужасите што руската војска ги оставија зад себе, неуспехот е целосен.

Повторно, овде не се работи за соодветен одговор на воената „доктрина“ со која систематското убивање и силување на цивилите ѝ служи на целта да се скрши украинскиот отпор. Се работи за задоволување на потребите на оние чии симпатии се и онака на страната на рускиот агресор, па им се дава „сламка“ на која ќе се фатат и ќе кажат дека, ете, сите се исти. Накратко, видовме уште една многу лошо изведена пропагандна диверзија. Руската пропаганда сѐ повеќе наликува на самата воена агресија: валкана и брутална.

 

Линк до фотографии (предупредување: вознемирувачка содржина)

Линк до видео (предупредување: вознемирувачка содржина)


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според лиценцата Creative Commons 4.0 (назив и линк до изворот)
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ