• Latest

Руската шпионска канџа

February 7, 2019
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина, Скопје, 24 август 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Скопје ќе го одбележи Денот на независноста на Украина со свечена церемонија и културна програма

August 24, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

ЕУ во БиХ: Пресудата против Додик мора да се почитува, очекуваме властите на РС да ја деескалираат ситуацијата

August 23, 2025

Албанскиот блок 2025: Евроинтеграции – Меѓу принципите и прагматизмот

August 23, 2025

Нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини, смета Касами

August 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Руската шпионска канџа

February 7, 2019 10:41
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Дали и како Русија ќе се помири со влезот на Македонија во НАТО? И додека траат заслужените честитки за огромниот успех на премиерот Заев и неговиот тим, руската дипломатско-шпионска армада не мирува. Веднаш дојде реакцијата на рускиот Комитет за надворешни работи на Горниот дом на рускиот парламент. Претседателот на Комитетот, Константин Косачев ја пренесе руската фрустрација, нарекувајќи го НАТО реликт на Студената војна, нарекувајќи го зачленувањето на Македонија „симболично“ и дека ние сме мала земја што не ѝ е важна на Алијансата. Според него, НАТО ќе ја употреби Македонија против Русија и дека нашето членство не е добро ни за Македонија, ни за европската безбедност.

Џабир Дерала

Е, па како тоа, тавариш Косачев, Македонија е мала и безначајна за НАТО, а тоа истовремено не е добро за европската безбедност и ќе биде употребено против Русија?

Русија вложи огромни ресурси во пропагандната и шпионската активност против САД и Европа, а на нејзината мапа, секако, се наоѓа и Балканот, вклучувајќи ја и Македонија и сите нејзини соседи. Во таа војна без огнено оружје, но речиси подеднакво деструктивна, Русија употреби перфектно развиени стратегии со скапи и комплексни системи. Во текот на изминатите години видовме како огромното знаење и искуство на озлогласениот Комитет за државна безбедност (КГБ – Комите́т Госуда́рственной Безопа́сности) напреднале и се надоградиле во секоја смисла на зборот.

Машинеријата на рускиот автократ (според руската опозиција: диктатор) Путин ангажира немерливи финансиски, технолошки и човечки ресурси во таа војна. Палетата на операции е богата: од ликвидации и киднапирања, до софистицирани начини за злоупотреба на Фејсбук и другите социјални мрежи. Со употреба на овие системи, Русија се обиде да изврши влијание врз американските избори во 2016 година, а имаше несомнено влијание и во Брегзит. Насекаде во Европа може да се насети руската шпионска и пропагандна канџа која не ја одмина ни Македонија. Тоа најдобро се почувствува за време на референдумскиот процес минатата година.

Меѓу алатките со кои се користи руската дипломатско-шпионска и пропагандна машинерија, се социјалните мрежи. Тоа е безграничен простор на кој, релативно евтино, своја база наоѓаат сите владини и невладини, добронамерни и злонамерни, криминални и бенигни, комерцијални и некомерцијални ентитети во светот. Првенствено Фејсбук, но и другите социјални мрежи станаа едно огромно електронско боиште на кое битката може да трае сосема кратко (минути, часови, неколку дена…), но сосема доволно за драстично да се промени курсот на некој процес во општеството.

Една од „трол фабриките“ што ги „изгради“ Русија е Агенцијата за интернет истражувања чиј прв донатор е рускиот олигарх и мултимилијардер Јевгени Пригожин, еден од најблиските соработници и поддржувачи на Владимир Путин. Оваа агенција имаше буџет од 12 милиони долари во 2016 година (изборната година во САД), 12,2 милиони долари во 2017 година и околу 20 милиони долари во 2018 година. Оваа агенција или, поточно, трол фабрика, влијае на јавното мнение во таргетираните земји преку социјалните мрежи и медиумите со лажни вести, милиони лајкови, споделувања и коментари, од кои голем дел се спонзорирани содржини.

Најчесто употребуваните алатки во пропагандната војна на социјалните мрежи се лажните вести, говорот на омразата, теориите на заговор и релативизирањето (крив е Хитлер, но криви се и Евреите, да ви доловам на што мислам).

Само за илустрација, Американскиот сенат подготви еден опширен извештај за руската „трол фабрика“, објавен во декември минатата година, според кој Фејсбук бил особено успешно злоупотребен во текот на изборниот процес во 2016 година. Фејсбук бил посебно ефективен во таргетирањето на конзервативците и Африканските Американци во САД. Речиси целосниот корпус на Фејсбук „ангажирањето“ (лајкови, споделувања и други реакции на мрежата) доаѓаат од само 20 Фејсбук страници како што се „Да се биде патриот“, „Срцето на Тексас“, „Армијата на Исус“ и „Блективист“ (црн активист) – сите под контрола на руската „трол фабрика“. Само во 2016 година, тие 20 Фејсбук страници генерираат 39 милиони лајкови, 31 милион споделувања, 5,4 милиони реакции и 3,4 милиони коментари. Опфатот на овие содржини е 126 милиони луѓе на Фејсбук и 20 милиони на Инстаграм (кој е во сопственост на Фејсбук). Во периодот 2016-2018 година, само на Инстаграм, руската трол машина генерира 185 милиони лајкови и четири милиони коментари.

До овој момент, во Македонија не е објавено ни едно детално истражување за начините на кои се (зло)употребуваат социјалните мрежи во Македонија, било да се тоа домашни или странски шпионско-пропагандни центри. Кој знае да гледа, гледа, но другите се само топовско месо на црната антимакедонска пропаганда.

Се надевам дека со ова ќе помогнам на поинаков начин да го „читате“ рускиот напад од надвор и проруските националистички електронски банди од внатре. Без параноја! Тоа е сосема нормално во светот на денешнината. Доволно е да знаеме дека, за сега, Русија и нејзините пиончиња ја изгубија војната од прогресивните сили во Македонија.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Фотографија од Авторот: Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share192Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ