• Latest

Рускиот наратив дека Полска планира да ја анектира западна Украина стигна и во Северна Македонија

January 19, 2023

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Рускиот наратив дека Полска планира да ја анектира западна Украина стигна и во Северна Македонија

January 19, 2023 21:27
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Освен тврдења на измислен автор објавени на полскиот  веб-портал Niezależny Dziennik Polityczny со про-Кремљ ставови и кој шири лажни вести, нема апсолутно никаков друг доказ, официјален став или каква било поткрепа на тврдењето на наводните намери на Полска да анектира дел од Украина. Според сите наведени информации, оваа објава дезинформира и е дел од пошироката руска пропаганда поврзана со војната во Украина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Медиумски напис во кој се тврди дека Полска ќе побара дел од украинската територија се споделува на социјалните мрежи. Но, за ваквoто тврдењe нема никакви официјални докази, а истражувањата направени да се види од каде потекнува и кој ја шири оваа неточна теорија, лоцираат дека овој наратив потекнува од Кремљ.

Жртвите може да се исплатат кога Полска ќе ги врати своите историски земји, но тоа нема да се случи многу брзо, со оглед на проблемите на културната, политичката и економската интеграција на два не многу пријателски народи, напиша колумнистот Марек Гала за „Niezależny Dziennik Polityczny“.

На 12 јануари веб-порталот Антропол објави напис со ударен наслов:

Повеќе не е тајна: Полска ќе побара дел од украинската територија

Во текстот се тврди дека Полска, земјата која има испратено најмногу доброволци и е меѓу оние кои донирале најмногу оружје во Украина, искажува територијални претензии кон нејзиниот сосед Украина. Во написот, исто така, се тврди дека Полска ќе изврши анексија на западно-украинските територии.

Како извор на информациите се цитира медиум на полски јазик „Niezależny Dziennik Polityczny“ и авторот Марек Гала.

Но, што е вистината зад овој тенденциозен напис со сензационалистички наслов?

Најпрво треба да се напомене дека оваа информација објавена на македонски портал е стара неколку месеци. Односно, нејзината актуелност беше уште во октомври минатата година кога полскиот медиум Niezależny Dziennik Polityczny или НДП, со про-Кремљ ставови објави текст со наслов „Европските хиени веќе почнаа да делат мрши. Помошта за Украина во никој случај не беше без интерес“, од авторот Марек Гала. Во текстот се тврди дека Полска се подготвува да ја анектира западна Украина.

Во написот се вели дека Полска може да распореди своја војска во западна Украина и дека владејачката партија Право и правда може да одржи референдум за спојување на западните региони на Украина со Полска. Написот на НДП, исто така, вели дека Русија ќе ја преземе контролата врз југоисточните рускојазични региони на Украина во својата „специјална воена операција“, тврдејќи дека Кремљ не е заинтересиран да ја преземе западна Украина.

Дигитална форензичка истражувачка лабораторија на Атлантскиот совет (DFRLab), која ги следи движењата на Русија низ воените, сајбер и информативните домени, во Извештајот за руската војна објавен на 4 ноември 2022 година, меѓу другото, го истражува и токму овој наратив.

Во извештајот се вели дека веб-страницата Niezależny Dziennik Polityczny или НДП (изворот на информацијата споделена во постот што го рецензираме), во април 2022 година била блокирана во Полска поради ширење лажни информации за војната во Украина.

Полскиот медиум Око.прес ја истражувал НДП во 2021 година и објави дека главниот уредник, Адам Камински, бил измислен лик на социјалните мрежи. Око откри дека неговиот Фејсбук профил користи фотографија украдена од литвански ортопед по име Андриус Жукаускас. Според некои извештаи, НДП користела повеќе од дваесет неавтентични личности низ мрежа од веб-страници, форуми, блогови и западни платформи за социјални медиуми на полски јазик. Марек Гала, кој е наведен како автор на написот на НДП за анексија на западна Украина, исто така, е измислена личност, објави ТВ Белсат.

Од фиктивни автори до официјална сторија на руската новинска агенција

На 26 октомври, Журналот за меѓународни односи (International Affairs Journal) во сопственост на руското Министерство за надворешни работи, објави пократка верзија на написот цитирајќи го НДП. На 27 октомври, веб-страницата Модерна Дипломатија (Modern Diplomacy) го објави написот со наслов „Полска се подготвува да ја окупира Западна Украина“, наведувајќи го како извор НДП. Модерна дипломатија ја отстрани статијата по неколку дена.

Извршниот директор на Bellingcat, Кристо Грозев, на Твитер објави дека Модерна Демократија е портал во грчка сопственост и дека написите објавени за Русија и Украина се напишани од автори кои пишуваат и за про-Кремљ веб-страници.

A short ? on how Russian intelligence launders fake news by using helpful EU “media”.
A leading headline in Russian state media today is that “Poland plans to capture Western Ukraine and hold a referendum”. The cited source is “the Belgian portal Modern Democracy”. pic.twitter.com/fybcx181VR

— Christo Grozev (@christogrozev) October 30, 2022

На 29 октомври, руската државна новинска агенција РИА Новости, контролирана од Кремљ, објави сторија за анексијата, цитирајќи го „белгискиот портал Модерна дипломатија“. РИА Новости не спомена дека оригиналниот извор на тврдењето е НДП, што ја зголемува можноста дека РИА Новости можеби се обидува да го прикрие оригиналниот извор на тврдењето.

Цитирање на извори на информации од наводно западни медиуми е тактика што ја користат медиумите во Кремљ за да додадат кредибилитет на нивните приказни, велат од Дигитална форензичка истражувачка лабораторија на Атлантскиот совет (DFRLab).

Наклонетоста на Кремљ за анектирање и „референдуми“ е позната од 2014 година, кога Москва го анектираше украинскиот град Крим. Подоцна, слични „референдуми“ се одржаа и во источна Украина – кога луѓето мораа да гласаат под закана со оружје за да се создадат квази-републики во Донбас. По целосната агресија врз Украина во февруари оваа година, Русија повторно ги искористи претходно развиените механизми за „референдум“ кога „анектираше“ четири украински региони. Западните земји не ги признаа резултатите од овој референдум.

Освен тврдења на измислен автор, објавени на полскиот веб-портал Niezależny Dziennik Polityczny  со про-Кремљ ставови и кој шири лажни вести, нема апсолутно никаков друг доказ, официјален став или каква било поткрепа на тврдењето на наводните намери на Полска да анектира дел од Украина. Според сите наведени информации, оваа објава ја оценуваме како невистина и како дел од пошироката руска пропаганда поврзана со војната во Украина.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анексијадезинформацииПолскаРуски наративУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ